Milwaukee K 1528 H Manual Original página 48

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 16
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се
обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да
стане многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната
површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни
инсталации.
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Секогаш грижете се за безбедна подлога и држете ја
машината со девте раце. Држете ги децата и животните
далеку од зоната на работа.
По време на работа никогаш не ја насочувајте машината
кон луѓето наоколу. Алатот за вметнување може да
искочи и да предизвика тешки повреди.
Внимавајте да не ги загрозите луѓето со материјалите
коишто излетуваат или паѓаат. Секогаш работете многу
внимателно и предвидливо.
Оставајте го уредот грижливо. Не го фрлајте на подот
или од голема височина. При фрлањето на уредот тој
може да повреди други луѓе или да се оштети.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Чеканот може да се користи за клесање и демолирање.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани
за струја преку направата за поврзување (FI, RCD,
PRCD).
Да се спои само за една фаза АС коло и само на
главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така
и поврзување на приклучок без заземјување доколку
изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.
Бидете сигурни дека машината е исклучена пред да ја
вклучите во струја.
Овој апарат претставува апарат за професионална
употреба, кој може незначително да ги пречекори
ориентационите вредности за струјни горни бранови при
приклучување на јавната мрежа за низок напон. Затоа
пред приклучување на апаратот на јавна мрежа за низок
напон по потреба контактирајте со компанијата што е
одговорна за вашето напојување со електрична
енергија.
ЗАШТИТА ОД ПОВТОРНО ПРИДВИЖУВАЊЕ
Нултиот прекинувач на напонот спречува повторно
стартување на машината при дефект на напојувањето.
При повторно стартување, исклучете ја машината, па
потоа вклучете ја.
94
МАКЕДОНСКИ
ТРАНСПОРТ, РАКУВАЊЕ И СКЛАДИШТЕЊЕ
Машината е тешка. Ако машината падне, има опасност
од озбилно повредување.
Машината нема точки за врзување и за подигање.
Подигнете ја машината за дополнителната дршка и ја
поставете врз адекватно транспортно средство.
При подигањето, транспортот и складирањето, осигурете
ја машината против пресвртување, паѓање или лизгање.
Пред да ја складирате машината, оставете ја да се
олади.
Складирајте ја машината на чисто и суво и заштитено од
замрзнување место, коешто е недостапно за деца.
ЗАМЕНА НА АЛАТОТ
За замена на алатот види го разделот со илустрации.
Алатот за вметнување мора да биде соодветен за
прифат на алатот.
Вратилото на алатот мора да е неоштетно.
Алатот за вметнување мора да биде доволно остар за
да избегне отскокнување.
Алатот за вметнување мора да биде соодветен за
наменетата употреба.
По вметнувањето на алатот проверете дали е правилно
заклучен.
РАБОТА ВО СТУДЕНО
Ако машината е складирана на подолг временски период
или на ниски температури, подмачкувањето може да се
стврдне и машината може да не работи на почетокот или
да има ниски перформанси. Ако тоа се случи:
1. Вметнете бургија или длето во машината.
2. Ставете ја машината на преостанато парче бетон.
3. Притискајте и ослободувајте го прекинувачот на
неколку секунди.
По 15 секунди до 2 минути, машината ќе започне да
разбива нормално. Колку е постудена машината, толку
подолго треба да се загрее.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Важна забелешка! Доколку карбонските четкички се
истрошени, со цел истите да бидат заменети алатот
треба да биде пратен во постпродажниот центар. Ова ќе
обезбеди долг употребен век и највисоки перформанси.
Ако приклучниот мрежен вод е оштетен, тој мора да
биде заменет од служба за клиенти, бидејќи за тоа е
потребен посебен алат.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Носете ракавици!
Носте штитник за уши.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Внимание – врели површини!
K 1530 H: Гарантираното ниво на звучна
моќност на плочката за идентификација
изнесува 105 dB.
K 1528 H: Гарантираното ниво на звучна
моќност на плочката за идентификација
изнесува 108 dB.
Електричните апарати и батериите што се
полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да
се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Regulatory Compliance Mark (RCM).
Производот ги исполнува важечките прописи.
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
ЕK-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Како производител, изјавуваме под целосна одговорност
дека „Техничките податоци" подолу го опишуваат
производот со сите релевантни одредби од регулативите
2011/65/ЕУ (RoHS), 2014/30/ЕЗ, 2006/42/ЕЗ, 2000/14/EC
и се усогласени со следниве хармонизирани
регулаторни документи:
EN 60745-1 :2009+A11:2010
EN 60745-2-6:2010
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN 61000-3-2:2014
EN 61000-3-3:2013
EN IEC 63000:2018
K 1528 H:
Измерено ниво на јачина на звук 107 dB(A)
Несигурност К 1,88 dB(A)
Гарантирано ниво на јачина на звук 108 dB(A)
K 1530 H:
Измерено ниво на јачина на звук 103 dB(A)
Несигурност К 1,67 dB(A)
Гарантирано ниво на јачина на звук 105 dB(A)
Процедурата за оценување на сообразноста согласно
2000/14/ЕЗ ќе ја најдете во прилог VI.
Notifi ed Body:
DEKRA Testing and Certifi cation GmbH,
Handwerkstraße 15, 70565 Stuttgart
Location Certifi cation Body, Dinnendahlstr. 9, 44809
Bochum
Germany
Notifi ed Body Number: 0158
Winnenden, 2021-05-25
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
МАКЕДОНСКИ
95

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

K 1530 h

Tabla de contenido