Bosch LR 7 Professional Manual Original página 183

Ocultar thumbs Ver también para LR 7 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
Поставување ласерски приемник (види слика A)
Поставете го ласерскиот приемник на оддалеченост најмалку 5 m од линискиот
ласер одн. од точкестиот и линискиот ласер. Проверете дали е активен режимот на
приемник на линискиот ласер одн. на точкестиот и линискиот ласер. Изберете вид
на режим кај кој се произведува или хоризонтален или вертикален ласерски зрак.
Напомена: Не избирајте истовремено вид на режим со хоризонтален или
вертикален ласерски зрак (режим на вкрстени линии) затоа што може да настанат
грешни прикази за висината на ласерскиот зрак.
Поставете го ласерскиот приемник, на тој начин што ласерскиот зрак ќе достигне до
полето за прием (5). Порамнете го на тој начин, така што ласерскиот зрак паѓа
напречно на приемното поле (како што е прикажано на сликата).
Вклучување/исклучување
При вклучување на ласерскиот приемник се слуша гласен сигнален тон.
u
Затоа држете го ласерскиот приемник подалеку од ушите одн. други лица
при вклучувањето. Гласниот тон може да го оштети слухот.
За вклучување на ласерскиот приемник, притиснете го копчето за вклучување-
исклучување (3). Сите прикази на екранот, како и сите LED-светилки кратко
светнуваат и се слуша сигнален тон.
По вклучување на ласерскиот приемник, секогаш се поставени средна гласност и
точност на прием „фино".
За исклучување на ласерскиот приемник, одново притиснете на копчето за
вклучување/исклучување (3). Сите LED-светилки и сите прикази на екранот
светнуваат кратко пред исклучувањето и се слуша сигнален тон.
Доколку за околу 20 min, не се притисне на ласерскиот приемник и до приемното
поле (5) 20 min не достигне ласерски зрак, тогаш ласерскиот приемник автоматски
се исклучува заради заштита на батериите. Исклучувањето се прикажува преку
кратко светнување на сите LED-светилки и сите прикази на екранот и се слуша
сигнален тон.
Изберете ја поставката на приказот за средишна линија
Со копчето за поставување на точноста на прием (2) може да утврдите со која
точност ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак на приемното поле како
„средно:
– Точност на прием „фино" (приказ (f) на екранот),
– Точност на прием „грубо" (приказ (e) на екранот).
Bosch Power Tools
Македонски | 183
1 609 92A 6B7 | (28.05.2021)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido