Bosch Professional GAS 35 M AFC Manual Original página 216

Ocultar thumbs Ver también para Professional GAS 35 M AFC:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 36
216 | Македонски
Всисувачот не смее да се користи како водена
u
пумпа. Всисувачот е наменет за всисување на
мешавини од воздух и вода.
Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа
на прав M) е утврдено само за всисување на суви
материјали.
Работни чекори пред всисување на влажни материи
– По потреба отстранете ја вреќичката за отпад (25) или
ќесата за прав.
Напомена: За полесно отстранување, при всисување на
мешавина од вода и цврсти материјали, користете водена
филтер вреќичка (опрема), која ќе ја одвои водата од
цврстите материјали.
– Вметнете ја гумената лента (28) во подната млазница
(30) (види „Вметнување на гумената лента (всисување
влажни материи) (види слика E)", Страница 214).
– Исклучете го автоматското чистење на филтерот (AFC)
(види „Автоматско чистење на филтерот (види слика
H)", Страница 216).
Всисување на течности
– За да го вклучите всисувачот прекинувачот за избор
на начин на работа (7) поставете го на ознаката
„Всисување".
Всисувачот е опремен со сензори за ниво на наполнетост
(37). Доколку се достигне максималното ниво на
наполнетост, всисувачот се исклучува. Прекинувачот за
избор на начинот на работа (7) поставете го на ознаката
„Исклучување".
Напомена: При всисување на неспроводливи материјали
(на пр. емулзија настаната при дупчење, масла и
маснотии) всисувачот нема да се исклучи и при полн
контејнер. Состојбата на наполнетост мора постојано да
се проверува и контејнерот навреме да се празни.
Доколку при всисувањето на влажни материи се слушне
акустичен сигнал за предупредување, безбедноста на
функцијата на всисувачот не е нарушена. Нема потреба
од мерки за отстранување на пречките.
– За да го исклучите всисувачот, поставете го
прекинувачот за избирање на режим на работа (7) на
ознаката „Исклучување".
– При транспорт на всисувачот, завртете ги чеповите (2)
на прифатот на цревото (3).
– Испразнете го садот (1).
За да се избегне создавање на мувла по всисување на
влажни материи:
– Извадете го набраниот филтер (26) и оставете го
добро да се исуши.
– Извадете го горниот дел на всисувачот (12), отворете
го капакот на филтерот (36) и оставете ги добро да се
осушат.
Автоматско чистење на филтерот (види слика
H)
Доколку е вклучено автоматското вклучување на
филтерот (AFC = Automatic Filter Cleaning) набраниот
1 609 92A 6R4 | (02.09.2021)
филтер (26) ќе се чисти на секои 15 секунди со
воздушен млаз (пулсирачки звук).
Подоцна, откако јачината на всисување ќе се намали,
мора да се активира чистењето на филтерот.
Со редовно чистење на филтерот се зголемува рокот на
траење на филтерот.
За да се постигне идеален рок на употреба на филтерот,
деактивирајте го чистењето на филтерот само во
исклучителни случаи: на пр. при всисување на чисти
течности или при користење на хартиена филтер
вреќичка.
Доколку набраниот филтер е извалкан на површината, тој
сепак е целосно функционален. Рачно чистење на
набраниот филтер со тропање или издувување не е
потребно и може да го исчисти филтерот.
Напомена: Автоматското чистење на филтерот е
фабрички вклучено.
Вклучувањето/исклучувањето на автоматското чистење
на филтерот е возможно само доколку уредот е вклучен.
– AFC деактивиран
Притиснете го AFC-копчето (9).
Контролната LED светилка (35) се гаси.
– AFC активиран
Притиснете го AFC-копчето (9).
Контролната LED светилка (35) свети зелено.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
u
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
При сервис и чистење на всисувачот користете
u
маска за заштита од прав.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора
да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е
изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој
го одржува и другите лица. Пред демонтажата,
всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат
евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се
демонтира всисувачот, мора добро да биде проветрена.
За време на одржувањето носете лична заштитна
опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде
сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 jc3 170Gas 35 m afc professional0 601 9c3 140

Tabla de contenido