Makita DC4001 Manual De Instrucciones página 79

Ocultar thumbs Ver también para DC4001:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 21
17. Никогаш не користете бензин, разредувач,
алкохол и слично за чистење на полначот.
Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Симболи
Долунаведените ги прикажуваат симболите што
може да се користат кај опремата. Пред употребата,
проверете дали го разбирате нивното значење.
Само за употреба во затворен простор.
Прочитајте го упатството за користење.
ДВОЈНА ИЗОЛАЦИЈА
Само за земјите на ЕУ
Не фрлајте ја електричната опрема
или батеријата заедно со домашниот
отпад! Земајќи ги предвид европските
директиви за отпадна електрична и
електронска опрема и за батерии,
акумулатори и отпадни батерии и
акумулатори и нивното спроведување
во согласност со националните закони,
електричната опрема и батериите на
крајот на нивниот работен век мора да
се собираат одделно и да се вратат во
еколошки објект за рециклирање.
Полнење
ВНИМАНИЕ:
Откако полнењето ќе заврши,
осигурете се дека сте го извадиле приклучокот
за напојување на полначот за батерии од
изворот на двонасочна струја, извадете
го приклучокот на полначот за батерии и
прикачете го капачето на батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА:
Полначот за батерии е наменет
само за полнење на преносливиот пакет за
напојување на MAKITA. Никогаш не користете
го за други намени или за батерии од други
производители.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога полначот за батерии е
поврзан со уредот, алатот или машината не се
стартува. Во овој случај, извадете го полначот
за батерии од уредот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Доколку температурата на
батеријата стане ниска или висока за време на
полнењето, тоа може да запре. Во овој случај,
почекајте додека батеријата не постигне
нормална температура со нејзино затоплување
или ладење, а потоа рестартирајте го
полнењето.
1.
Извадете го капачето од батеријата вртејќи го.
► Сл.1: 1. Капаче
2.
Порамнете го испакнатиот дел на приклучокот
од полначот за батерии со соодветниот дел
на уредот, а потоа прикачете го штекерот на
приклучокот со вртење на прекинувачот.
► Сл.2: 1. Испакнат дел 2. Штекер 3. Приклучок
3.
Приклучете го приклучокот за напојување
од полначот за батерии во соодветен извор на
двонасочна струја.
4.
Откако полнењето ќе заврши, извадете
го приклучокот на полначот за батерии и потоа
прикачете го капачето на батеријата.
За време на полнењето, ламбичката за главно
напојување светнува црвено, а индикаторските
ламбички укажуваат на преостанатиот капацитет на
батеријата. Кога полнењето ќе заврши, ламбичката
за главно напојување и ламбичката на индикаторот
се исклучуваат.
Ламбичка
Индикаторски ламбички
за главно
напојување
Запалено Исклучено Трепка
► Сл.3: 1. Копче за напојување 2. Ламбичка
на индикаторот 3. Ламбичка за главно
напојување
Алатот или машината не работи ако полначот е
поврзан со уредот. Доколку ламбичката за главно
напојување трепка црвено, полнењето не започнува
бидејќи уредот е прегреан или температурата на
уредот е ниска. Во овој случај, изладете го уредот
или загрејте го.
Доколку ламбичката за главно напојување
трепка црвено, исклучете го полначот и извадете
го штекерот од полначот, а потоа исчистете го
полначот со отстранување на правот од доводот
на двонасочна струја, отворот за довод и отворот
за испуштање воздух. Доколку ламбичката за
главно напојување продолжи наизменично да
трепка црвено и зелено по чистењето на полначот,
побарајте го вашиот локален овластен сервисен
центар на Makita за поправка.
Следнава табела укажува на типовите батерија,
бројот на ќелии и номиналниот капацитет што може
да се наполни со полначот за батерии.
Волтажа
Број на
ќелии
36 V - 40 V
100
макс.
79 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
(од 75% до
(од 50% до
(од 25% до
(од 0% до
Литиум-
Капацитет
јонски
(Ah)
применлив
согласно
пренослив
IEC61960
пакет за
напојување
PDC1200
33,5
Полнење
100%)
Полнење
75%)
Полнење
50%)
Полнење
25%)
Време на
полнење
(минути)
360

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido