Skil 0660 Manual Original página 133

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 46
Изложувањето на оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете го комплетот со батерии или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во инструкциите. Неправилното полнење или
полнењето на температура што е надвор од
наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да
ја зголеми опасноста од пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте ги оштетените комплети
со батерии. Поправката на комплетите со батерии
треба да ја врши само производителот или некој
овластен сервис.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗЖИЧНА ЧЕТКА ЗА
КОРОВ
ОПШТИ
Запознајте се со контролите и со правилната
употреба на алатот.
• Овој алат не е наменет за употреба од страна на деца
и лица со намалени физички, сензорни или ментални
способности или кои немаат искуство и познавања,
или луѓе кои не се запознаени со упатствата.
Локалните прописи може да ја ограничат возраста на
операторот.
• Осигурете се дека децата не си играат со алатот.
Користете ја машината само на дневно светло или со
соодветно вештачко осветлување.
• Корисникот е одговорен за несреќите или
опасностите што ќе се предизвикаат кај други лица
или на нивниот имот.
Не користете го овој алат за отстранување мокар
коров.
Не ги оставајте децата без надзор за време на
чистењето или одржувањето на алатот.
Секогаш носете заштита за очите, долги пантолони и
цврсти чевли кога работите со алатот.
Носете заштитни ракавици кога ги менувате
додатоците (контакт со додаток може да доведе до
повреда).
Никогаш не работете со алатот ако е оштетен
штитникот или без поставен штитник.
• Никогаш не работете со алатот во непосредна
близина на луѓе; престанете да работите со него
ако во близина има други лица (особено деца) или
галеничиња.
Секогаш исклучете го алатот и отстранете ја
батеријата
- кога го оставате без надзор.
- пред чистење на заглавен материјал.
- пред проверка, чистење или работа на алатот.
- по удирање во стран предмет.
- секогаш кога алатот ќе почне невообичаено да
вибрира.
ЧЕТКИ
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користена оригинална дополнителна опрема.
Ставајте само четки чијашто максимална брзина
(„RPM") е поголема од ротацијата во минута што е
означена на алатот.
• Користете само четки со максимален дијаметар од
125 мм.
Не користете изабени четки.
• Дамки од р'ѓа или други знаци за хемиски или
механички промени на материјалот што ги држат
нишките на четката може да предизвикаат
предвремено расипување на четката.
Чувајте ги четките на соодветно место така што ќе
бидат заштитени од следните влијанија:
- голема атмосферска влага, жештина, вода или
други течности што може да ја оштетат четката.
- киселини или киселински испарувања што може да
ја оштетат четката.
- ниски температури во средината што ќе
предизвикаат кондензација на четката кога ќе се
остави на место со повисока температура.
- деформација на кој било дел на четката.
ПРЕД УПОТРЕБА
Проверувајте ја функционалноста на алатот пред
секоја употреба и по секој удар; во случај на дефект
повикајте квалификувано лице да ја поправи
(никогаш не отворајте ја машината сами).
• Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за
подесување или клучот за навртување (алатот или
клучот кој се наоѓа во вртливиот дел на уредот,
може да предизвика лична повреда).
Пред употреба, темелно проверете ја областа за
сечење и отстранете ги сите предмети што машината
може да ги отфрли при сечењето (како камења,
паднати гранки и сл.)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Користете го алатот само во вертикална позиција
со четката насочена кон тлото (никогаш не
вклучувајте го алатот во друга позиција).
Работете со алатот само со одење (не трчајте).
• Не поминувајте патишта или плочници кога работи
алатот.
Не дозволувајте нешто да ви го одвлече вниманието
и секогаш концентрирајте се на работата.
• Секогаш одржувајте ги отворите за вентилација чисти
и без отпадоци.
Во случај да дојде до електричен или механички
дефект, веднаш исклучете го алатот и отстранете ја
батеријата.
ПО УПОТРЕБА
• Четката продолжува да ротира уште извесно време
откако машината ќе се исклучи (не допирајте ја
четката додека се врти).
Секогаш вадете ја батеријата пред чистење
• Исклучете го моторот пред да го спуштите алатот и
проверете дали сите подвижни делови се комплетно
застанати.
БАТЕРИИ
Обезбедената батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата, пред за првпат да го употребите вашиот
електричен алат).
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*31****
Оштетената батерија не треба и понатаму да се
133

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido