Bosch GKS 18V-57-2 Professional Manual Original página 201

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без
батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на
испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат
делумно наполнети порани меѓународните прописи за
транспорт. За да се загарантира целосната јачина на
батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во
прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете
на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа
не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање,
што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ
додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се
држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата,
или
, за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Тип на батерија GBA 18V...
LED-светилки
Трајно светло 3 × зелено
Трајно светло 2 × зелено
Трајно светло 1 × зелено
Трепкаво светло 1 × зелено
Bosch Power Tools
Тип на батерија ProCORE18V...
LED-светилки
Трајно светло 5 × зелено
Трајно светло 4 × зелено
Трајно светло 3 × зелено
Трајно светло 2 × зелено
Трајно светло 1 × зелено
Трепкаво светло 1 × зелено
Напомени за оптимално користење на
батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Употребувајте само сечила за пила, чија
u
максимално дозволена брзина е повисока од
бројот на празни вртежи на вашиот електричен
алат.
Ставање/менување на сечилото за кружната
пила
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Во никој случај не користете дискови за брусење
u
како алат за вметнување.
Капацитет
Користете само листови на пила, кои одговараат на
u
60–100 %
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
30–60 %
EN 847-1 и се соодветно означени.
5–30 %
Бирање на сечилото за пила
0–5 %
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Македонски | 201
Капацитет
80–100 %
60–80 %
40–60 %
20–40 %
5–20 %
0–5 %
1 609 92A 7G0 | (24.05.2022)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido