Начини На Работа; Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch GKT 55 GCE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GKT 55 GCE Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 28
176 | Македонски
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Начини на работа
Подесување на длабочината на сечење (види слики B
– C)
Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
u
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Свртете го показателот на длабочина на сечење (8) за
сечење без шина-водилка во долната позиција ➊ одн. за
сечење со шина-водилка во горната позиција ➋.
Притиснете го лизгачот (27) и поставете ја саканата
длабочина на сечење (дебелина на материјалот + висина
на запците на сечилото за пила) на скалата за подесување
на длабочината на сечење (6).
Подесување на закосениот агол
Ставете го електричниот алат на рамна површина, така
што основната плоча (7) целосно има потпора.
Олабавете ги пеперутка-завртките (11) и (17).
Навалувајте ја пилата странично. Поставете го саканиот
агол на косо сечење на скалата (9). Повторно затегнете ја
предната пеперутка-завртката (11) или задната
пеперутка-завртката (17). Потоа повторно затегнете ја
пеперутка-завртката на спротивната страна. Внимание:
Не користете сила на дополнителната рачка (4) или на
самата пила. При невнимавање, може случајно да се
постават различни агли на косо сечење со пеперутка-
завртките (11) и (17). Како резултат на тоа, основната
плоча не лежи рамно на (7) на површината на FSN-шина
водилката.
Доколку истовремено ги прицврстувате двете пеперутка-
завртки, може да е потребно да ја придржите пилата од
задната страна на дополнителната рачка (4). Исто така не
користете сила на дополнителната рачка (4) или на
самата пила, за да избегнете различни поставки.
Ако поставките сѐ уште се различни, олабавете ги двете
пеперутка-завртки (11) и (17) повторно. Поставете го
повторно аголот на косо сечење како што е опишано
погоре.
Пилата може да се подеси под агол на закосување од –1°
или +47°. При вртењето дополнително притиснете на
копчето (16) за агол на косо сечење од –1° или копчето
(12) за агол на закосување од +47°.
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (6).
1 609 92A 6HM | (10.05.2021)
Ознаки за сечење (види слика D)
Ознаката на резот 0° (32) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката на
резот 45° (33) ја прикажува позицијата на сечилото за
пила при сечење под 45° - при употреба без шина
водилка.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (2) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(1) и држете го притиснат.
Со активирање на блокадата при вклучување (2)
истовремено ќе се отклучи уредот за вдлабнување и
електричниот алат ќе може да се притисне надолу.
Притоа, алатот за вметнување се вдлабнува во делот што
се обработува. При подигање, електричниот алат
повторно отскокнува назад во почетната позиција, а
уредот за вдлабнување повторно се заклучува.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (1) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од
16‑A.
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Одредување на број на вртежи
Со вртливото копче на бројот на вртежи (24) може да го
изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на алатот.
Потребниот број на вртежи зависи од употребеното
сечило за пила и материјалот што се обработува
(погледнете го прегледот на сечила за пила на крајот од
ова упатство за работа). Ова ќе спречи прекумерно
загревање на запците на сечилото за време на сечењето.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Ширината на сечењето варира во зависност од
користениот сечило за пила.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido