Начини На Работа - Bosch GST 18V-125 B Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GST 18V-125 B Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
188 | Македонски
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Заштитен капак (види слика E)
Монтирајте го заштитниот капак (19), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак (19) на електричниот алат на
тој начин што држачите ќе се вклопат на заштитата од
допир (1).
Извадете го заштитниот капак (19) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол.
Извлечете го заштитниот капак нанапред од заштитата на
допир (1).
Приклучување на всисувач за прав (види слики F–G)
Поставете ги млазниците за всисување (20) во
вдлабнатините на основната плоча (12).
Поставете црево за всисување (21) (опрема) на
млазниците за всисување (20). Поврзете го цревото за
всисување (21) со всисувач за прашина (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (18).
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако
го имате приклучено всисувачот за прашина.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
1 609 92A 7VS | (05.07.2022)
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (15) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
Ниво 0
нема осцилации
Ниво I
мали осцилации
Ниво II
средни осцилации
Ниво III
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се
работи со максимално осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види слика H)
Основната плоча (12) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитниот капак (19), млазниците за всисување (20) и
заштитата од кинење (18) не можат да се вметнат при
сечење со закосување.
– Лесно притиснете ги надолу млазниците за
всисување (20) и извлечете ги од основната
плоча (12).
– Извадете ги заштитниот капак (19) и заштитата од
кинење (18).
– Олабавете ја завртката (22) со внатрешен шестаголен
клуч (11) и лесно вметнете ја основната плоча (12) до
крај во правец на батеријата.
– За подесување на аголот на закосување навалете ја
основната плоча (12) соодветно на скалата (23) во
саканата позиција. Другите агли на косо сечење може
да се подесат со помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (12) до крај во
правец на сечилото за пила (17).
– Повторно затегнете ја завртката (22).
Поместување на основната плоча (види слика H)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја
поместите основната плоча (12).
Олабавете ја завртката на основната плоча (22) со
внатрешен шестаголен клуч (11) и вметнете ја основната
плоча (12) до крај во правец на батеријата (8).
Повторно затегнете го шрафот (22).
Сечењето со поместена основна плоча (12) е можно
само со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа, не смеат да
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gst 18v-125 b

Tabla de contenido