Descargar Imprimir esta página

Bosch UniversalRotak 450 Manual Original página 129

Ocultar thumbs Ver también para UniversalRotak 450:

Publicidad

Секогаш пред употреба проверете да не се оштетени
u
или истрошени сечилата, носачите на сечилата или
склопката за сечење. Заменете ги истрошените или
оштетените сечила и носачи за да ја одржите
рамнотежата на косалката.
Косете само по дневна светлина или под добро
u
осветлување.
Избегнувајте косење при лоши временски услови, на
u
пример кога постои ризик од грмотевици.
По можност, не употребувајте ја косачката на влажна
u
трева.
Одете полека, не трчајте.
u
Не користете ја косачката со оштетени штитници или
u
браници, или без заштитна опрема, на пример
соодветен штит или контејнер за трева.
Препорачуваме да носите слушалки за заштита на
u
слухот.
Не употребувајте го уредот ако сте болни или под
u
влијание на алкохол, дрога или лекови.
Употребата на косачката на коси површини може да биде
опасно:
– Не косете на премногу стрмни падини.
– На коси површини или на влажна трева обезбедете
стабилен и сигурен чекор.
– На коси површини секогаш косете лево-десно, а
никогаш горе-долу.
– Бидете особено внимателни кога ја менувате насоката
на косењето.
Бидете многу внимателни кога одите наназад или ја
u
влечете косачката.
Не косете влечејќи ја косачката кон себе.
u
Стопирајте ги сечилата кога треба да ја пренесете
u
машината, преку површини коишто не се трева и кога
ја носите машината до и од местото на косењето.
Не наведнувајте го уредот при вклучување или додека
u
моторот работи.
Моторот исклучувајте го стоејќи со стапалата подалеку
u
од ротирачките сечила.
Не доближувајте ги рацете и стапалата до ротирачките
u
делови.
Кога косите, стоите што е можно подалеку од
u
косачката.
Не носете ја косачката и не влечете ја додака моторот
u
работи.
При складирање на уредот, внимавајте тој да стои на
u
подот со сите 4 тркала.
Уредот носете го само за рачката за носење. Ракувајте
u
внимателно со рачката.
Не вршете промени на уредот. Несоодветните
u
модификации може да влијаат на безбедноста на
Вашиот уред, предизвикувајќи зголемена бучава и
вибрации и лоши перформанси.
Периодично проверувајте го напојниот кабел и
u
продолжниот кабел којшто го користите. Не
поврзувајте ја косалката на напојна мрежа со
оштетени кабли. Доколку кабелот е оштетен, не
Bosch Power Tools
допирајте го додека е приклучен на струја. На
оштетениот кабел може да се дојде во допир со голи
проводници. Чувајте се од струјни удари.
Собирање лисја
Сечилото за собирање лисја е така проектирано, за со
него да можат да се собираат есенски суви лисја. За да се
постигне максимален ефект на оваа функција, направете
го следново:
– Собирајте лисја при подесеност на максимална висина
на косење.
– Собирајте лисја само на тревник.
– Пред да почнете со собирање на лисјата, прегледајте
на теренот да нема луѓе, животни, предмети од стакло
и автомобили.
Извлечете го кабелот од утикачот:
– Секогаш кога ја оставате косачката без надзор.
– Пред отстранување на пречка.
– Пред прегледување, чистење и поправка на машината.
– Веднаш по удирање во тврд предмет. Веднаш по
оштетување прегледајте ја машината и извршете ги
неопходните поправки.
– Ако косачката почне да вибрира неконтролирано
(проверете веднаш).
Приклучување на струја
Волтажата прикажана на натписната плочка мора да
u
биде иста со волтажата на електричната мрежа.
Не користете го овој производ, доколку не е вклучен
u
во штекер што е заштитен со прекинувач кој работи со
струја на прекинување од 30 mA.
При замената на напојниот кабел користете само
u
кабли препорачани од производителот на косачката.
Бројот на нарачката и видот на кабелот пронајдете ги
во упатството за употреба.
Ниикогаш не допирајте го утикачот со мокри раце.
u
Не газете ги, не превиткувајте ги и не тегнете ги
u
напојниот или продолжниот кабел, бидејќи на тој
начин можат да се оштетат. Заштитете го кабелот од
топлина, масло и оштри рабови.
Користениот продолжен кабел мора да биде
u
водоотпорен и со соодветен пресек односно
дебелина. Врската не смее да се наоѓа во вода.
Секогаш носете заштитни ракавици кога работите
u
со оштри сечила или сте во нивна близина.
Електрична безбедност
Предупредување! Пред секое одржување
или чистење на производот, згаснете го и
исклучете го од напојување. Истото важи
и ако кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
Македонски | 129
1 609 92A 5W7 | (08.02.2023)

Publicidad

loading