Изјава 1040 Депонирање на производот
Предупредување
Крајното депонирање на производот треба да се направи во согласност со сите национални закони
и регулативи.
Изјава 1046 Инсталирање или замена на единицата
Предупредување
За да го намалите ризикот од електричен удар, кога ја инсталирате или заменувате единицата,
секогаш треба првин да се поврзе заземјувањето и со истото последно да се прекине врската.
Изјава 1047 Заштита од прегревање
Предупредување
За да се намали ризикот од пожар или телесна повреда, не ракувајте во област што ја надминува
максималната препорачана амбиентална температура од:
104°F/40°C
Изјава 1051 Ласерска радијација
Предупредување
Невидлива ласерска радијација може да се емитува од прекинатите влакна или конектори. Немојте
да се загледувате во зраците или да гледате директно со оптички инструменти.
Regulatory Compliance and Safety Information - Cisco Secure Firewall 3105, 3110, 3120, 3130, 3140
254
Регулаторна усогласеност и безбедносни информации Cisco Secure Firewall 3105, 3110, 3120, 3130, 3140