Регулаторна усогласеност и безбедносни информации Cisco Secure Firewall 3105, 3110, 3120, 3130, 3140
Изјава 1091 Инсталација од обучено лице
Предупредување
Само на обучено лице треба да му биде дозволено да инсталира, замени или да ја сервисира
оваа опрема. Видете ја изјавата 1089 за дефиницијата за обучено или вешто лице.
Изјава 1093 Избегнувајте остри рабови
Предупредување
Ризик за лична повреда. Избегнувајте остри рабови кога инсталирате или отстранувате единици
што може да се заменуваат.
Изјава 1252 Заземјување на опрема
Предупредување
Оваа опрема мора да биде заземјена. За да се намали ризикот од електричен удар, кабелот за
напојување, приклучокот или комбинацијата мора да се приклучени на соодветно заземјена
електрода, штекер или терминал.
Изјава 1255 Изјава за усогласеност на ласер
Предупредување
Оптичките модули на приклучување се во согласност со IEC 60825-1 изд. 3 и 21 CFR 1040.10 и
1040.11 со или без исклучок за усогласеност со IEC 60825-1 изд. 3 како што е опишано во
„Известувањето за ласер" бр. 56, од 8 мај 2019 година.
Regulatory Compliance and Safety Information - Cisco Secure Firewall 3105, 3110, 3120, 3130, 3140
257