Descargar Imprimir esta página

Bosch Universal Rotak 650 Manual Original página 117

Publicidad

Приклучување на струја
Волтажата прикажана на натписната плочка мора да
u
биде иста со волтажата на електричната мрежа.
Не користете го овој производ, доколку не е вклучен
u
во штекер што е заштитен со прекинувач кој работи со
струја на прекинување од 30 mA.
При замената на напојниот кабел користете само
u
кабли препорачани од производителот на косачката.
Бројот на нарачката и видот на кабелот пронајдете ги
во упатството за употреба.
Ниикогаш не допирајте го утикачот со мокри раце.
u
Не газете ги, не превиткувајте ги и не тегнете ги
u
напојниот или продолжниот кабел, бидејќи на тој
начин можат да се оштетат. Заштитете го кабелот од
топлина, масло и оштри рабови.
Користениот продолжен кабел мора да биде
u
водоотпорен и со соодветен пресек односно
дебелина. Врската не смее да се наоѓа во вода.
Секогаш носете заштитни ракавици кога работите
u
со оштри сечила или сте во нивна близина.
Електрична безбедност
Предупредување! Пред секое одржување
или чистење на производот, згаснете го и
исклучете го од напојување. Истото важи
и ако кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
По исклучувањето на уредот, сечилата вртат уште
u
неколку секунди.
Внимание – не допирајте ги ротирачките сечила/
u
запци.
Вашиот уред е со двојна изолација и не му е потребно
заземјување. Работниот напон е 230 V AC, 50 Hz (за
земји вон ЕУ 220 V или 240 V). Употребувајте само
одобрени продолжни кабли. За подетални информации
обратете се во Вашиот Бош сервис.
Автоматски осигурач (RCD) со струја на прекинување
u
не повеќе од 30 mA. Секогаш проверувајте го
заштитиниот прекинувач кога било да го користите.
Чувајте го напојниот и продолжниот кабел понастрана од
подвижните делови, за да се избегне оштетување на
кабелот и негов контакт со металните делови.
Кабелските врски (приклучник и приклучница) треба да
бидат суви и да не лежат на теренот.
Напојниот и продолжниот кабел мора редовно да се
проверуваат за евентуални оштетувања и да се користат
само кога се во беспрекорна состојба.
Ако напојниот кабел е оштетен, мора да се поправи од
страна на овластен сервис на Бош. Употребете само
одобрен продолжен кабел.
Користете само продолжни кабли, кабел, водови за жици
и макари со кабли што се во согласност со EN 61242 / IEC
61242 или IEC 60884-2-7 и се од типот H05VVV-F или
H05RN-F.
Bosch Power Tools
Ако сакате да користите продолжен кабел при употреба
на уредот, потребни ви се следните димензии на кабли:
2
– Пресек 1,25 mm
или 1,5 mm
– Максимална должина 30 m за продолжниот кабел или
60 m за кабел на навој со ФИ-заштитна склопка
Совет: Ако користите продолжен кабел, тој мора да биде
заземјен преку напојната мрежа, во склад со важечките
прописи.
За дополнителни информации контактирајте лиценциран
електричар или најблискиот Bosch сервис.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните
продолжни кабли можат да бидат опасни.
Продолжниот кабел, утикачот и спојот со
продолжниот кабел мораат да бидат
водоотпорни.
Одржување
Секогаш носете заштитни ракавици кога работите
u
со оштри сечила или во нивна близина.
Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се
u
цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со
уредот.
Редовно проверувајте ја состојбата на корпата за
u
трева од абење и оштетувања.
Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги
u
веднаш оштетените или изабените делови.
Кога ги менувате сечилата, новите сечила треба да
u
бидат соодветни на уредот.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни
u
делови.
Пред складирање уредот треба да биде сув и чист. По
u
потреба исчеткајте го со сува, мека четка.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги
симболите и нивното значење. Точната интерпретација
на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го
користите уредот.
Ознака
Значење
Правец на движење
Правец на реакција
Носете заштитни ракавици
Тежина
Вклучување
Македонски | 117
2
F 016 L94 646 | (01.03.2023)

Publicidad

loading