Најмалото растојание помеѓу плочата
од шпоретот за садовите за готвење
и долниот раб на аспираторот да не
биде помало од 43cm за електричните
апарати за готвење и 65cm за гасните
или комбинираните апарати за готвење.
Ако упатството за монтажа за плинските
плочи од шпоретот прецизираат
поголемо растојание, морате да се
придржувате до тоа.
4. ОДРЖУВАЊЕ
Предупредување! Пред
билокаква операција за чистење
или одржување, исклучете го
аспираторот од електричната мрежа
со вадење на струјниот приклучник
или со исклучување на домашниот
мрежен прекинувач.
Аспираторот мора редовно да се чисти
(најмалку со истата фреквенција со која
се врши одржувањето на филтерите за
масти) како од внатрешноста така и од
надворешноста. За чистењето користете
крпа навлажнета со течни неутрални
детергенти. Да не користите производи
кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ
АЛКОХОЛ! Предупредување! Ако
не се следат упатствата во однос
на чистењето на аспираторот и
замената на филтрите ќе доведе до
ризик од пожари. Се препорачува
до придржување на предложените
упатства.
Ние одбиваме билокаква одговорност
за евентуални оштетувања на моторот
или пожар предизвикан како резултат на
неправилно одржување или неследење
на наведените упатствата.
4.1 Филтер за масти
Металниот филтер за масти треба да
се чисти еднаш месечно со неагресивни
детергенти, рачно или во машина за
миење на садови на ниски температури
и во краток интервал. Со перењето во
машина за миење на садови металниот
филтер за масти може да ја изгуби малку
бојата но неговите карактеристики за
филтрирање воопшто не се менуваат.
4.2 Филтер со активен јаглен што НЕ
се пере
Заситувањето на филтерот од јаглен
настапува по повеќе или помалку
продолжена употреба во зависност
од типот на готвење и редовноста на
чистењето на филтерот за масти. Во
секој случај потребно е да се замени
чаурата најмалку на секои 4 месеци.
НЕ може да се пере или обновува.
МАКЕДОНСКИ
115