Descargar Imprimir esta página

Huawei ODN-B19 Guia De Inicio Rapido página 52

Ocultar thumbs Ver también para ODN-B19:

Publicidad

Симболот со пречкртана канта за ѓубре со тркала на производот, батеријата, литературата или амбалажата ве потсетува дека сите
електронски производи и батерии мора да се однесат во посебни места за собирање отпад по крајот на нивниот работен век. Тие не смеат
да се фрлаат во нормалниот отпад заедно со отпадот од домаќинствата. Корисникот е одговорен да ја фрли опремата на соодветно место
или кај служба за собирање за посебно рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема (WEEE) и батерии според локалните
закони.
Правилното собирање и рециклирање на опремата помага да се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема (ЕЕЕ) ќе
се рециклира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината. Неправилното ракување,
случајното кршење, оштетување и/или неправилното рециклирање на крајот од работниот век може да биде штетно за здравјето и
околината. За повеќе информации за тоа каде и како да го фрлате отпадот од електричната и електронската опрема, контактирајте со
локалните власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата
https://consumer.huawei.com/en/.
Намалување на опасните супстанции
Овој уред и неговите електронски додатоци се во согласност со применливите локални правила за ограничување на употребата на
одредени опасни супстанции во електрична и електронска опрема, како што се регулативата EU REACH и директивите RoHS и Батерии (каде
што се вклучени). За изјави за сообразност за REACH и RoHS, посетете ја веб-локацијата https://consumer.huawei.com/certification.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Барања за изложување на радиофреквенции
Како што се препорачува со меѓународните насоки, уредот е дизајниран да ги почитува ограничувањата што важат на пазарот на којшто ќе
се продава.
За земјите што го прифаќаат ограничувањето за SAR од 2,0 W/kg (глава) и 4,0 W/kg (екстремитети) на 10 грама ткиво. Уредот е во
согласност со спецификациите за радиофреквенции кога се носи на зглобот и на растојание од 1,0 cm од лицето.
Највисока пријавена вредност на SAR:
SAR на глава: 0,04 W/kg.
SAR на екстремитети: 0,41 W/kg.
Изјава
Со овој документ, Huawei Device Co., Ltd. изјавува дека овој уред ODN-B19 е во согласност со неопходните барања и другите релевантни
одредби од Директивата 2014/53/ЕУ.
Најновата и важечка верзија на ИС (Изјава за сообразност) може да се види на https://consumer.huawei.com/certification.
Овој уред може да се користи во сите земји членки на ЕУ.
Почитувајте ги националните и локалните прописи каде што се користи уредот.
Употребата на овој уред може да биде ограничена, во зависност од локалната мрежа.
Фреквенциски опсези и моќност
(a) Фреквенциски опсези на работа на радиоопремата: некои опсези може да не се достапни во сите земји или сите области. Контактирајте
со локалниот оператор за подетални информации.
(б) Максимална радиофреквентна моќност емитувана во фреквенциски опсези во кои работи радиоопремата: максималната моќност за
сите опсези е помала од највисоката гранична вредност наведена во соодветниот Усогласен стандард.
Номиналните ограничувања на фреквенциските опсези и енергијата што се пренесува (се зрачи и/или се емитува) применливи за оваа
радиоопрема се следни: Wi-Fi 2.4GHz: 20 dBm, Bluetooth 2.4GHz: 13 dBm, NFC 13.56MHz: 42 dBμA/m на 10m, Безжичен полнач за часовник:
100-119KHz: 42 dBμA/m на 10 m, 119-135KHz: 66 намалување за 10 dB/dec над 119 KHz на 10 m, 135-140KHz: 42 dBμA/m на 10 m,
140-148,5KHz: 37,7dBμA/m на 10 m.
Додатоци и информации за софтверот
Се препорачува да се користат следниве додатоци:
Лежиште за полнење: CW02
Верзијата на софтверот на производот е 2.1.0.185
Производителот ќе објавува ажурирања на софтверот за поправање грешки или унапредување на функциите откако производот ќе биде
пуштен во продажба. Сите верзии на софтверот што се објавени од производителот се потврдени и сѐ уште се сообразни со поврзаните
правила.
Корисникот не може да пристапи и не може да ги промени сите параметри на радиофреквенциите (на пример, фреквенциски опсег и
излезна моќност).
За најнови информации за додатоци и софтвер, видете ја ИС (Изјава за сообразност) на https://consumer.huawei.com/certification.
Посетете ја страницата https://consumer.huawei.com/en/support/hotline за неодамна ажурирани телефонски број и адреса на е-пошта во
вашата земја или регион.
Одете до Нагодување > За верзијата > Регулаторни информации (Settings > About > Regulatory information) на уредот за да го
погледнете екранот E-label.
50

Publicidad

loading