Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка (види слика A)
Користете го Вашиот електричен алат само со
u
дополнителните дршки (2) и (4).
Завртете ја дополнителната дршка (2) во навојот (3) на
куќиштето на моторот.
Дополнителната дршка (4) може да се врти бесстепено за
360°.
Промена на алат
При менување на алатот носете заштитни ракавици.
u
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Запчеста глава за дупчење со автоматски механизам
за заклучување (види слика B)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (1),
додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот. Клучот за затегнување на главата за
дупчење (9) ставете го во соодветните отвори на
запчестата глава за дупчење (1) и рамномерно затегнете
го алатот.
Bosch Power Tools
Замена на главата за дупчење (види слика C)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вадење на сигурносната завртка
Запчестата глава за дупчење (1) е заштитена од
невнимателно олабавување на вретеното за дупчење со
сигурносната завртка (10).
Отворете ја запчестата глава за дупчење (1) и одвртете ја
сигурносната завртка (10) во правец на стрелките на
часовникот. Внимавајте сигурносната завртка да има
лев навој.
Доколку сигурносната завртка (10) е заглавена, ставете
одвртувач на главата на завртката и олабавете ја
сигурносната завртка со удар на дршката на одвртувачот.
Демонтирање на главата за дупчење
За да ја демонтирате запчестата глава (1) ставете
вилушкаст клуч (ширина на клучот 17) на навртката на
погонското вретено.
Држете ја цврсто запчестата глава со едната рака, а со
другата рака свртете го вилушкастиот клуч во правец
спротивен на стрелките на часовникот, додека главата за
дупчење не се олабави од конусот на вретеното за
дупчење.
Монтирање на главата за дупчење
Исчистете ја маснотијата и нечистотијата од
u
конусот на вретеното за дупчење и отворот на
главата за дупчење.
За да ја монтирате запчестата глава (1) свртете ја
навртката на погонското вретено во правец на стрелките
на часовникот до крај.
Ставете ја запчестата глава на погонското вретено без
употреба на сила, додека не налегне сигурно.
Лесно удрете со гумен чекан на предната страна на
запчестата глава (1), за да овозможите сигурна позиција
на запчестата глава. Внимавајте да не стрчат стегалките
на запчестата глава, за да не ја оштетите.
Монтирање на сигурносна завртка
Завртете ја сигурносната завртка (10) во правец
спротивен на стрелките од часовникот во отворената
запчеста глава. Секогаш користете нова сигурносна
завртка, бидејќи на нејзиниот навој има нанесено
сигурносна леплива маса, која при повеќекратна
употреба не делува повеќе.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
Македонски | 117
1 609 92A 55H | (20.08.2021)