118 | Македонски
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на правецот на вртење (види слика D)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За дупчење или мешање притиснете на
прекинувачот за менување на правецот на вртење (7)
налево до крај.
Тек на лево: За отпуштање или мешање притиснете на
прекинувачот за менување на правецот на вртење (7)
надесно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(6) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (6) притиснете го копчето за
фиксирање (5).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (5),
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) и потоа отпуштете го.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (6).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
1 609 92A 55H | (20.08.2021)
Работни инструкции за дупчење
Употребете емулзија за дупчење или масло за сечење за
ладење и подмачкување, за да избегнете прегревање или
заглавување на дупчалката.
При дупчење на мали дијаметри на дупки >10 mm,
претходно направете дупка со помал дијаметар. Притоа
се намалува притисокот и електричниот алат помалку ќе
се оптовари.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо
сечење со челик). Квалитетот е загарантиран преку
Bosch програмата за опрема.
Машинското менгеме од опремата овозможува безбедно
затегнување на делот што се обработува. Ова го спречува
вртењето на делот што се обработува и несреќите што
може да настанат притоа.
Работни инструкции за мешање
Не го користете електричниот апарат на пулт.
u
Избегнувајте да ја распрскувате смесата. Инаку
u
може да се лизнете и да ја изгубите контролата над
електричниот апарат.
Избегнувајте континуирана работа на електричниот
u
алат со намален број на вртежи. Инаку може да се
прегрее моторот на електричниот апарат.
За да го активирате копчето за фиксирање (5)
притиснете кратко на прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) и потоа отпуштете го. Со тоа ќе се
спречи невнимателното повторно стартување на
електричниот апарат (опасност од повреда).
Изборот на корпа за мешање зависи од смесата.
За смесите со ниска вискозност, како на пр. дисперзивни
бои, лакови, лепила, лиени маси, цементни каши,
користете корпа за мешање со лева спирала. Во корпата
за мешање со лева спирала, материјалот се меша од горе
надолу. Корпата за мешање се притиска нагоре. Смесата
со ниска вискозност се меша со малку прскање.
За смеси со висока вискозност како на пр. гипс за
завршни работи, бетон, цемент, естрих, шпахтел маса,
епоксидна смола користете корпа за мешање со десна
спирала. Во корпата за мешање со десна спирала,
материјалот се меша од долу нагоре. Корпата за мешање
се врти во смесата. Смесата со висока вискозност
оптимално се промешува.
За време на работата движете го електричниот апарат
горе-долу. По употребата, исчистете ја корпата за
мешање.
Складирајте го електричниот алат на безбедно
u
место. Наместете го така да не може да паѓа. Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Bosch Power Tools