ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава::
• Повреди предизвикани како последица на вибрации. Држете
ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите.Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони,
ракавици и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте го акумулаторот на температура под 27°C и подалеку
од влага
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка
и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете. Во случај на
екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во
таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење
сè додека батеријата не се излади. По гаснење на приказот за
полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното::
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа. Забранет е транспорт на оштетени или
протечени литиум-јонски батерии. За понатамошни инструкции
обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
124
РАБОТНИ УПАТСТВА
Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете го
прегревањето на забчаниците.
ЧИЩЕННЯ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Чистете ја прашината и остатоците од отворите. Одржувајте
ја рачката чиста, сува и без масло или мазива. Користете
само благ сапун и влажна крпа за чистење, бидејќи одредени
средства за чистење и растворувачи се штетни за пластика и
други неизолирани делови. Некои од нив вклучуваат бензин,
терпентин, разредувач за лак, разредувач за боја, хлорирани
средства за чистење, амонијак и детергенти за домаќинството
што содржат амонијак. Никогаш не користете запаливи или
горливи растворувачи околу алатите.
Штитник на сечилото: Одржувајте го подрачјето на заштитникот
на сечилото без насобрана пилевина и остатоци. Пилата може
да работи забавено поради наталожување на остатоци што
може да дојде до сериозна повреда. Носете соодветна лична
заштитна опрема додека го чистите подрачјето на заштитникот
на сечилото користејќи компресиран воздух.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот
на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата
кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries
GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Не употребувајте сила.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна
маска.
Носете ракавици!
Насока на вртење
МАКЕДОНСКИ
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема мора да се
собираат посебно. Отпадните батерии, отпадните
акумулатори и отпадните извори на светлина
треба да се отстранат од опремата. Проверете кај
вашиот локален орган или продавач за совети за
рециклирање и место за собирање. Во зависност
од локалните регулативи, трговците на мало
може да се обврзани бесплатно да ги преземаат
искористените батерии, како и отпадната
електрична и електронска опрема. Вашиот
придонес за повторна употреба и рециклирање
на отпадните батерии и отпадната електрична
и електронска опрема помага да се намали
побарувачката на суровини. Отпадните батерии,
посебно оние што содржат литиум, и отпадната
електрична и електронска опрема содржат вредни
материјали за рециклирање, кои може негативно
да влијаат на животната средина и на здравјето
на луѓето доколку не се отстранат на еколошки
компатибилен начин. Избришете ги личните
податоци од отпадната опрема, доколку ги има.
n
Брзина без оптоварување
0
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
125