6.4 ЗАСТАНУВАЊЕ
За да ја застанете машината, ослободете
ја рачката за палење (сл. 8.B).
ВАЖНО Ако треба да се оддалечите
од машината, извадете ја батеријата.
6.5 СОВЕТИ ЗА РАБОТА
• Расчистувањето на снегот е поефикасно
кога тој е уште свеж. Поминете неколку
пати по зоните што веќе сте ги исчистиле
за да ги расчистите остатоците од снег.
• Ако е можно, исфрлајте го снегот
во правецот на ветрот. Проверете
го растојанието и правецот на
расфрлање на снегот.
• Ако има силен ветер, спуштете го
дефлекторот за да го насочува снегот врз
земјата со што се намалува можноста
ветрот да го разнесе во несакан правец.
• На крајот на работата, оставете ја
машината да работи уште неколку
секунди за да избегнете формирање
мраз кај отворот за исфрлање.
6.5.1 Исушен и нормален снег
Снег висок до 20 см може да се расчисти
побрзо ако се работи со рамномерна
брзина. Ако снегот е повисок и тежок,
намалете ја брзината и оставете ја
машината да работи во свој ритам.
6.5.2 Мокар и набиен снег
Напредувајте полека. Избегнувајте
да го користите задното сечиво за
отстранување на набиен снег и мраз.
ВАЖНО Интензивната работа со
машината на мокар и набиен снег може
да предизвика дефект на лежиштата
за ножевите за расчистување.
6.6 ПО РАБОТАТА
• Веднаш извадете ја батеријата
од нејзиното место.
• Исчистете го со лопатка целиот снег
што останал на машината (пас. 8.2).
• Поместете ги сите команди
напред и назад неколку пати.
• Затегнете ги шрафовите што се
разлабавиле во текот на работата.
• Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е неопходно,
заменете ги оштетените делови.
Не покривајте ја машината
додека не се излади моторот.
7. ПОЛНЕЊЕ И ГРИЖА
ЗА БАТЕРИЈАТА
• Батеријата треба да се чува во средина
и на температура меѓу +7° и + 40°C. Во
случај кога се поставува во машината
во средина каде има можност да се
надминат овие ограничувања, потребно
е да се извади батеријата и да се
постави одново на соодветно место.
• За време на употребата, батеријата е
заштитена од комплетно празнење преку
заштитниот уред кој што ја исклучува
машината и ја блокира работата.
• Батеријата се доставува со заштита што го
прекинува полнењето ако температурата
во средина не е меѓу 0 и +45 °C.
• Батеријата може да се полни во
секој момент, дури и делумно
без ризик од оштетување.
Проверка на состојбата на батеријата
За да го проверите статусот на
наполнетост на батеријата, притиснете
го копчето(сл. 11.A) коешто активира
три ЛЕД-светилки (сл. 11.B) коишто
го посочуваат следното:
ЛЕД-
светилка
4
100%
ЗЕЛЕНИ
3
70%
ЗЕЛЕНИ
2
45%
ЗЕЛЕНИ
1
10% - Наполнете ја батеријата
ЗЕЛЕНА
Ништо
Батеријата е полна под 10% и
треба веднаш да се наполни.
Ако и по 30 минути не засвети
ниту една ЛЕД-светилка, тоа
значи дека батеријата има
дефект и треба да се замени.
Полнењето на батеријата трае 1.5 - 3.5 часа
во зависност од капацитетот на батеријата
и на преостанатото полнење во неа.
Полнењето (5) е дијагностичко, со
ЛЕД-светилки што ги обезбедуваат
информациите за состојбата на наполнетост
на батеријата, согласно следната табела:
MK - 10
Полнење на батеријата