при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го.
Приказ за контрола на температурата/заштита од
преоптоварување
Црвениот LED-приказ Ви помага да ја заштитите
батеријата од прегревање и моторот од
преоптоварување.
Доколку LED-приказот свети непрекинато црвено,
температурата на батеријата е превисока и електричниот
алат автоматски се исклучува.
– Исклучете го електричниот алат.
– Оставете ја батеријата да се олади, пред да
продолжите со работата.
Доколку LED-приказот трепка црвено, електричниот алат
е блокиран и автоматски се исклучува.
Извлечете го електричниот алат од делот што се
обработува.
Штом се отстрани блокадата, електричниот алат
продолжува да работи.
Напомени за оптимално користење на
батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Монтирање на заштитен уред
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати
во сервисната служба, за адресата погледнете во делот
„Сервисна служба и совети при користење".
Заштитен капак за брусење
При брусење, секогаш користете го заштитниот
u
капак за брусењето (7).
Заштитна хауба за сечење
При сечење, секогаш користете го заштитниот
u
капак за сечењето (10).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Bosch Power Tools
Монтирање на заштитната хауба (види слика A)
Ставете ја заштитната хауба за сечење (10) на заштитната
хауба за брусење (7), додека цврсто не налегне.
Поставување на заштитната хауба (види слика A)
Вртете ја заштитната хауба во посакуваната позиција
додека не налегне. За тоа не е потребен никаков алат.
Поставете ја заштитната хауба (7) на тој начин што
u
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Монтирање на брусни алати
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (8) и сите делови за
монтирање.
За затегнување или олабавување на брусните алати,
притиснете го нанапред копчето за заклучување на
вретеното (2) и истовремено вртете на брусниот алат, за
да го фиксирате вретеното за брусење.
Притиснете го копчето за блокирање на вретеното
u
само кога вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја
стрелката за правец на вртење на куќиштето).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Напомена: При монтирање на композитни брусни плочи
или дискови за сечење со помош на испорачаната
затезна завртка со подлошка (11) употребата на
меѓуслоеви не е потребна.
За олабавување на брусната плоча/дискот за сечење
притиснете го нанапред копчето за заклучување на
вретеното (2) и истовремено вртете на алатот за брусната
плоча/дискот за сечење (12), за да го фиксирате
брусното вретено (8) (види слика B1).
Со помош на клуч со внатрешна шестаголна глава (13)
отстранете ја затезната завртка со подлошка (11) и
извадете ја брусната плоча/дискот за сечење (12) (види
слика B2).
Македонски | 213
1 609 92A 5RF | (28.07.2023)