Електричниот алат не го користете со држач за
u
сечење.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Доколку електричниот алат се полни електростатички,
инсталираната електроника го исклучува електричниот
алат. Одново притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (3), за да може повторно да го користите
електричниот алат.
Грубо брусење
При грубо брусење, секогаш користете го
u
заштитниот капак за брусењето (7).
Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
u
за грубо брусење.
При грубо брусење заштитниот капак за сечење
u
може (10) да дојде до контакт со делот што се
обработува и да доведе до губење на контролата.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо
брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот алат напред и назад со
умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема
да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има
бразди.
Кога користите композитни плочи кои се одобрени и
u
за сечење и за брусење мора да се користи
заштитниот капак за сечењето (10).
Сечење на метал
При сечење, секогаш користете го заштитниот
u
капак за сечењето (10). При употребата на заштитна
хауба за брусење (7) за сечење со композитен диск за
сечење постои голем ризик да бидете изложени на
искри и честички како и делови од дискот при кршење
на дискот.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не
навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што
излегуваат со страничен противпритисок.
Електричниот алат секогаш мора да се води во спротивен
правец на движење. Инаку постои опасност, тој
неконтролирано да се истисне од резот.
При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро
е да поставите на најмалиот пресек.
Сечење на камен
При сечење, секогаш користете го заштитниот
u
капак за сечењето (10).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Носете маска за заштита од прав.
u
Електричниот алат смее да се користи само за
u
сечење/брусење на суви материјали.
Bosch Power Tools
За сечење на камен најдобро е да употребите
дијамантска брусна плоча за сечење.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон
со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи
околу дијамантската брусна плоча за сечење јасно
укажува на тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во
празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Сечење на други материјали
При сечење на материјали како пластика,
u
композитен материјал итн. со композитен диск или
карбиден диск за сечење Carbide Multi Wheel
секогаш користете го заштитниот капак за
сечењето (10).
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на прописите
специфични за земјата. Мора задолжително да се
придржувате до овие прописи. Пред почетокот на
работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или
надлежните градежни раководители за да се советувате.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Складирајте и третирајте го приборот со внимание.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонски | 215
1 609 92A 5RF | (28.07.2023)