Descargar Imprimir esta página

TESY BelliSlimo Lite GCR 502712 E32 EC Instrucciones De Uso Y Almacenamiento página 65

Termo de agua eléctrico
Ocultar thumbs Ver también para BelliSlimo Lite GCR 502712 E32 EC:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 13
II.
ТЕХНИЧКИ ПАРАМЕТРИ
MK
1.
Номинален волумен V, литри - види плоча со информации за уредот
2.
Номинална волтажа - види плоча со информации за уредот
3.
Номинална потрошувачка на енергија - види плоча со информации за уредот
4.
Номинален притисок - види плоча со информации за уредот
Ова не е притисокот на доводот за вода. Ова е притисокот кој се
назначува за уредот и се однесува на барањата на безбедносните
стандарди.
5.
Вид на греач за вода – греач за вода од затворен тип, со термална изолација
6.
Внатрешен слој – за модели: GC - стакло-керамика;
7.
Дневно потрошувачка на електрична енергија - види Прилог I
8.
Прогласен товарен профил- види Прилог I
9.
Количеството на мешаната вода при 40°C V40 во литри - види Прилог I
10.
Максимална температура на термостатот - види Прилог I
11.
Фабрички зададени температурни подесувања - види Прилог I
12.
Енергетска ефикасност при загревање на водата - види Прилог I
III.
ОПИС И ПРИНЦИП НА РАБОТА
Уредот се состои од тело, обрач на долната страна / за бојлери наменети за
вертикална монтажа/ или на страните /за бојлери наменети за хоризонтална
монтажа/, заштитен пластичен панел и безбедносен вентил.
1.
Куќиштето се состои од два челични резервоари (резервоари за вода) и
куќиште (надворешна обвивка) со топлинска изолација меѓу нив од еколошка
полиуретанска пена со висока густина, и две цевки со навој G ½ '' за довод на
ладна вода (означени со син прстен) и излезна цевка за топла вода (означена со
црвен прстен).
Внатрешните резервоари се изработени од црн челик, заштитени со специјална
стаклено-керамичка или емајлирана облога.
2.
На секоја прирабница се поставуваат електричен грејач и магнезиумски
заштитник.
Греачот се користи за загревање на водата во садот и се контролира преку
термостатот, кој автоматски ја одржува избраната температура. Апаратот има два
вдрадени уреда (за секој резервоар за вода) за заштита од прегревања (термо-
прекинувачи), кои го исклучуваат соодветниот грејач од електричната мрежа
кога температурата на водата достигнува превисоки вредности.
3.
Безбедносниот вентил спречува целосно празнење на уредот во случај на
прекин на доводот за ладна вода. Вентилот го штити уредот од зголемување
на притисокот на вредности поголеми од дозволените при загревањето
(притисокот се зголемува со зголемување на температурата), преку испуштање
на притисокот низ отворот за истекување.
Безбедносниот вентил не може да го заштити уредот во случај на
притисок на доводот на вода кој е поголем од назначените вредности
за уредот.
МОНТИРАЊЕ И ВКЛУЧУВАЊЕ
IV.
ВНИМАНИЕ! ПОГРЕШНАТА ИНСТАЛАЦИЈА И ПОВРЗУВАЊЕ НА АПАРАТОТ ЌЕ
ПРЕДИЗВИКА ОПАСНОСТ ОД ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ ЗА ЗДРАВЈЕТО И ЧАК СМРТ НА
ПОТРОшУВАЧИТЕ. ОВАА МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ШТЕТИ НА НИВНИОТ ИМОТ, КАКО И ТОА
ДЕКА ВРЗ ТРЕТИ СТРАНИ. ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ПОПЛАВУВАЊЕ, ЕКСПЛОЗИЈА, ПОЖАР.
Инсталирањето, поврзувањето со водоводната мрежа и поврзувањето со
електричната мрежа мора да го вршат квалификувни техничари. Овластен
техничар е лице кое ги има соодведните надлевности според прописита на
соодветната држава.
Монтирање
1.
Препорачуваме монтирање на уредот во близина на местото каде што се користи
топлата вода, со цел да се намали губење на топлината при транспорт. Во случај
на монтажа на уредот во бања, избраната локација мора да ја исклучи можноста
за прскање на вода преку тушок или додатокот за туширање. Кога се инсталира на
зид - уредот се суспендира со помош на завртките М8, прикажени на куќиштето на
потпорните плочи кои се претходно монтирани и нивелирани кон зидот. Во комлетот
се вклучени носачи и држачи.
Шема за вертикална инсталација – Сл.4.1
Шема за хоризонтална инсталација – Сл. 4.2.
Во зависност од тоа како е монтиран уредот (вертикално или хоризонтално),
можете да го ориентирате логото TESY на контролната табла според
ориентацијата на уредот. Сл.4.2
Со цел да се спречи повреда на корисникот и трети лица во случај на
грешка во системот кој овозможува топла вода, уредот мора да се
монтира во просторија која има подна хидроизолација и одвод. Не
поставувајте предмети, кои не се водоотпорни, под уредот под никоја
околност. Во случај на монтажа на уредот во просторија која нема подна
хидроизолација, потребно е да се постави одвод под уредот.
Забелешка: Сетот не вклучува заштитна када и корисникот мора да ја
избере истата.
2.
Поврзување со водовод
Сл. 5 - каде: 1 – Влезна цевка; 2 – Безбедносен вентил; 3 – Вентил за редукција (за
притисок на вода > 0,6 MPa); 4 – Запирачки вентил; 5 – Инка поврзана со одвод; 6 –
Црево; 7 – Славина за истекување на вода
По поврзување на бојлерот со водоводот, мора да ги следите индикативните ознаки
/прстени/ кои се прикачени на цевките: сино за ладна /влезна/ вода, црвено за топла
/излезна/ вода.
Монтирањето на безбедносниот вентил кој е доставен со бојлерот е задолжително.
Безбедносниот вентил мора да се монтира на цевката за ладна вода, следејќи ја
насоката на стрелката која е испечатена на телото и ја покажува насоката на влезната
вода. Не смее да се монтираат дополнителни запирни вентили меѓу безбедносниот
вентил и бојлерот.
64
Исклучок: Ако локалните регулативи (норми) бараат употреба на
дополнителен заштитен вентил или механизам (во согласност со EN
1487 или EN 1489), тогаш мора дополнително да се купи. За механиззми кои
работат во согласност со EN 1487 назначениот работен притисок не смее да
биде повисок од 0.7 MPa. За други заштитни вентили, притисокот на кои се
калибрирани треба да биде за 0.1 MPa понизок од назначениот притисок на
знакот на уредот. Во тој случај, безбедносниот вентил које доставен со
уредот не треба да се користи
Присуството на друг /стар/ безбедносен вентил може да предизвика
расипување на уредот и поради тоа мора да се отстрани.
Друг вид на запирачка арматура не се дозволува меѓу заштитниот
вентил (заштитниот уред) и уредот.
Поставувањето на заштитниот вентил на навои подолги од 10 mm не
се дозволува, во спротивно може да се оштети вентилот и
предизвикува опасност за уредот.
Заштитниот вентил и цевката меѓу вентилот и бојлерот мора да се
заштитат од замрзнување. При истекување, цревото – е секогаш
слободно и отворено на атмосфера (не потопено во вода). Осигурајте се едка
цревото е заштитено од замрзнување.
Отворањето на вентилот за ладна вода на доводот за вода и отворањето
на топлиот вентил од славината која ја меша водата го изведува полнењето
на бојлерот со вода. Откако полнењето ќе заврши, мора да почне постојан
тек на вода низ славината за мешана вода. Сега, можете да го затворите
вентилот за топла вода.
Во случај кога е потребно да се испразни бојлерот, прво мора да го исклучите
од струја. Текот на водата од доводот мора да се прекине и доводот за топла
вода од славината за мешана вода мора да се отвори. Славината 7 (сл. 5)
мора да се отвори за да се испразни водата од садот. Ако нема таква славина
вградена во цевката, тогаш испразнете ја водата директно од влезната евка
на садот за вода откако ќе го дисконектирате од доводот за вода
Во случај на отстранувањена обрачот, отфрлањето на неколку литри вода,
кои остануваат во садот, е нормално.
Мора да преземете мерки за да се спречи штета од водата која
истекува при празнењето.
Во случај притисокот на доводот да е над назначената вредност во горниот
II параграф, тогаш е потребно да се постави вентил за редуцирање, во
спротивно бојлерот нема правилно да функционира. Производителот не
прифаќа одговорност за проблеми предизвикани од неправилна употреба
од страна на корисникот.
Поврзување со електричната мрежа.
3.
Осигурајте се дека уредот е полн пред да го вклучите напојувањето.
3.1.
Модели со кабел за напојување и приклучок се поврзуваат со внесување на
приклучокот во контакт.
Тие се исклучуваат од напојувањето со отстранување на приклучокот од
контактот.
Штекерот мора да биде правилно поврзан со одделно електрично коло
со соодветна заштита. Мора да биде заземјен.
3.2.
Модели без кабел за напојување
Уредот мора да се поврзе со оддело електрично коло од електричната
мрежа. Колото треба да има безбедносен осигурувач 16А (20A за моќност
> 3700W). Треба да се употреби проводник со бакарно единечно јадро
(цврсто – не влакнесто) за поврзувањето - кабел 3 x 2.5 mm² (кабел 3 x 2.5
mm² за моќност > 3700W).
Електричното коло кое го напојува уредот мора да има вграден уред кој
овозможува разделување на сите терминални полови во услов на супер-
волтажа од категорија III.
За да ја инсталирате жицата за напојување во бојлерот, отстранете го
пластичниот капак (слика 7.2).
Поврзете ги жиците за напојување според ознаките на терминалите, на
следниот начин:
фазата – со ознака A, A1, L или L1;
неутралната – со N (B или B1 или N1) ;
Безбедносната жица мора задолжител
означен со
.
По инсталацијата, вратете го пластичниот капак на своето место!
Објаснување за Сл. 6:
T1, Т2 – термален прекинувач; TR/EC – термален регулатор/ електронско
управување; S1, S2 –
сензор
; R1, R2 - греач; F1, F2 - обрач.
V.
МАГНЕЗИУМОВА АНОДА ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОЗИЈА
Магнезиумовата анода ја штити внатрешната површина на садот од
корозија. Рокот на употреба на анодата е пет години. Анодниот елемент е
елемент кој подлеж на трошење и потребно е периодично заменување. Во
поглед на долготрајна и безбедна употреба на бојлерот, производителот
препорачува периодични проверки на состојбата на магнезиумовата анода
од страна на квалификуван техничар и замена по потреба, ова може да се
изведе при превентивното одржување на уредот. За замена, ве молиме
контактирајте ги овластените сервис центри!
но да се поврзе со терминалот

Publicidad

loading