Изјава 1090 – Инсталација од вешто лице
Предупредување
Само на квалификувано лице треба да му биде дозволено да инсталира, замени или да ја сервисира
оваа опрема. Погледнете ја изјавата 1089 за опис на вешто лице.
Изјава 1091 – Инсталација од обучено лице
Предупредување
Само на обучено лице треба да му биде дозволено да инсталира, замени или да ја сервисира
оваа опрема. Видете ја изјавата 1089 за дефиницијата за обучено или вешто лице.
Изјава 1093 – Избегнувајте остри рабови
Предупредување
Ризик за лична повреда. Избегнувајте остри рабови кога инсталирате или отстранувате единици
што може да се заменуваат.
Изјава 1098 – Барање за кревање
Предупредување
Потребни се 2 луѓе за кревање на тешките делови на производот. За да спречите повреда, држете
го грбот исправен и кревајте со нозете, а не со грбот.
Изјава 1255 – Изјава за усогласеност на ласер
Предупредување
Оптичките модули на приклучување се во согласност со IEC 60825-1 изд. 3 и 21 CFR 1040.10 и
1040.11 со или без исклучок за усогласеност со IEC 60825-1 изд. 3 како што е опишано во
„Известувањето за ласер" бр. 56, од 8 мај 2019 година.
Regulatory Compliance and Safety Information - Cisco Secure Firewall 3105, 3110, 3120, 3130, 3140
204
Регулаторна усогласеност и безбедносни информации Cisco Secure Firewall 3105, 3110, 3120, 3130, 3140