Значење на симболите:
Опасност! Оваа машина
може да биде опасна за вас
или за другите доколку не
се користи правилно.
Опасност! Опасност од
сериозна повреда.
Внимание! Прочитајте
го упатството пред да ја
користите машината.
Внимание! Користетезаштита
за уши, заштитни очила
и заштитна кацига.
Внимание! Носете ракавици
и заштитни чевли!
Опасност! Не изложувајте
ја на дожд или влага.
Внимание! За батеријата и
полначот за батерии, погледнете
го приложениот прирачник
ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или
не се читливи, треба да се заменат. Побарајте нови
етикети од соодветен центар или од овластениот
сервисер.
3.3
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Етикетата за идентификација ги
содржи следните податоци (сл. 2):
1. Име и адреса на производителот
2. Ознака за усогласеност
3. Месец / година на производство
4. Тип на машината
5. Напон на напојување
6. Номинален напон
7. Сериски број
8. Код на производ
9. Двојна изолација
Запишете ги податоците за идентификација за
машината на соодветните места на дадената
етикета од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Користете ги дадените податоци за
идентификација секојпат кога контактирате со
овластен центар.
4. ОТПАКУВАЊЕ (сл. 2)
1. Отворете го пакувањето внимателно за да не ги
расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата каде
се наведени овие упатства.
3. Извадете ја алатката од кутијата.
4. Фрлете ги кутијата и амбалажата согласно
локалните одредби.
Проверете дали алатот и батериите се
чисти и суви, а потоа вметнете ја батеријата во
соодветното лежиште на ножиците.
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1
ПРЕКИНУВАЧ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ
/ ИСКЛУЧУВАЊЕ (сл. 1 L)
•
Активирајте ја машината
•
изберете го отворот за сечилото
КОПЧЕ ЗА АКТИВИРАЊЕ (сл.1 E)
5.2
•
Го активира движењето на сечилото
5.3
РАЧКА ЗА ЗАКЛУЧУВАЊЕ/
ОТКЛУЧУВАЊЕ (сл. 1 D)
•
Спречува или овозможува активирање на
прекинувачот.
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Безбедносните одредби што треба да
ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
ВАЖНО За инструкции во врска со батеријата
прочитајте ги соодветните прирачници.
6.1
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за да
обезбедите дека работата ќе се одвива на ефикасен
начин и со максимална безбедност.
6.1.1
Контрола на батеријата
Набавете батерија со соодветен капацитет
за работните задачи и прво наполнете
ја докрај следејќи ги упатствата што се
содржат во упатството за батеријата.
Списокот со батерии коишто се соодветни
да се користат со оваа машина се наоѓа
во табелата „Технички податоци".
MK - 6