Descargar Imprimir esta página

Philips Aqua Plus 8000 Serie Manual Del Usuario página 175

Ocultar thumbs Ver también para Aqua Plus 8000 Serie:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 43
-
За да спречите прегревање на батериите или ослободување токсични или опасни супстанции, не модифицирајте, не продупчувајте и не
оштетувајте ги производите и батериите и не расклопувајте ги, не предизвикувајте краток спој, не преоптоварувајте ги и не полнете ги
обратно батериите.
-
За да се избегне случаен краток спој на батериите по отстранувањето, не дозволувајте терминалите на батериите да дојдат во контакт
со метални предмети (на пр., парички, шноли за коса, прстени). Немојте да ги виткате батериите во алуминиумска фолија. Залепете ги
терминалите на батериите или ставете ги батериите во пластична кеса пред да ги фрлате.
-
Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се случи тоа, веднаш исплакнете добро со
вода и побарајте лекарска помош.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој уред е во согласност со важечките стандарди и регулативи во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.
Користење на уредот
Ограничувања на користењето
-
Користете го резервоарот за вода само на цврсти подови чиј горен дел е водоотпорен (како линолеум, емајлирани плочки и лакиран
паркет) и камени подови (како мермер). ако вашиот под не е третиран за да биде водоотпорен, проверете кај производителот дали
смеете да користите вода за негово чистење. Не користете го резервоарот за вода на цврсти подови чијшто водоотпорен горен слој е
оштетен.
-
Користете го резервоарот за вода само на подови од линолеум што се соодветно фиксирани за да се спречи вовлекување на
линолеумот во млазницата за бришење.
-
Не користете го резервоарот за вода за чистење теписи.
-
Не поместувајте го уредот странично кога е прикачен резервоарот за вода, бидејќи ова ќе остави водени траги. Поместувајте го само
нанапред и наназад.
Забелешка: Работното време зависи од нивото на моќност што се користи за време на чистењето.
Влошка за бришење и лента за навлажнување
Уредот е опремен со една лента за навлажнување и една влошка за бришење од микрофибер. Кога резервоарот за вода, лентата за
навлажнување и микрофибер влошката за бришење се прикачени на специјализираната млазница за под, може да чистите цврсти подови.
Користење течно средство за чистење подови во резервоарот за вода
Ако сакате да додадете течно средство за чистење подови во водата во резервоарот за вода, користете средство за чистење што не пени
многу или воопшто и што може да се раствори во вода. Резервоарот за вода има капацитет од 380ml, па затоа треба да додадете само
неколку капки од средството за чистење подови во водата.
Чистење на резервоарот за вода
Погледнете ги и упатствата во упатството за употреба.
За да го исчистите резервоарот за вода, измешајте еден дел оцет со три дела вода. Ставете ја смесата во резервоарот за вода и затворете го
капакот. Тресете го резервоарот за вода и ставете го на водоотпорна површина. Оставете ја смесата од вода и оцет во резервоарот за вода
преку ноќ. Потоа испразнете го резервоарот за вода, исплакнете го темелно со свежа вода и користете го повторно како и нормално.
Внимание: вода ќе истекува од резервоарот за вода за време на чистењето, со и без лентата за навлажнување прикачена на
млазницата.
За да го испразните резервоарот за вода, држете го над мијалник, отстранете го капакот и навалете го на страната со отворот за полнење.
Потоа превртете го резервоарот за вода наопаку за да истече водата во мијалникот. Отстранете ја преостанатата вода од резервоарот за
вода, свртете го на неговата долга страна со отворот за полнење насочен кон мијалникот. Потоа навалете го резервоарот за вода нанапред
за да истече преостанатата вода од него.
Забелешка: секогаш складирајте го резервоарот за вода со отстранет капак од отворот за полнење.
Нарачување додатоци
За да купите додатоци или резервни делови, одете на www.philips.com/parts-and-accessories или кај дистрибутер на Philips. Исто така
можете да се јавите во центарот за грижа на корисници на Philips во вашата земја.
Гаранција и поддршка
Versuni нуди две годишна гаранција по купувањето на овој производ. Таа гаранција не е важечка доколку дефектот се должи на неправилно
користење или лошо одржување. Нашата гаранција не ги ограничува вашите законски права како потрошувач. За повеќе информации или
за активирање на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.
Рециклирање
-
Овој симбол означува дека електричните производи и батерии не треба да се фрлаат во обичниот отпад од домаќинствата (Сл. 3).
-
Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични производи и батерии.
-
Овој симбол означува дека е неопходно да се проверат одредбите за рециклирање на вашата општина (Сл. 4).
-
Објаснувањата на симболите за материјали се наоѓаат на приложениот лист.
Отстранување на батериите на полнење
Отстранете ги батериите на полнење од производот кога ќе го фрлате производот. Пред да ја отстранувате батеријата, проверете дали
уредот е исклучен од ѕидниот штекер и дали батеријата е целосно празна.
Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост кога ги фрлате батериите.
За отстранување на батеријата на полнење, следете ги упатствата подолу.
1
Исклучете го уредот од ѕидниот штекер и оставете го да работи сѐ додека моторот не сопре.
2
Притиснете го копчето за отклучување и извлечете ја батеријата од уредот.
Работно време
Режим
Користење на уредот во режимот Турбо*
Користење на уредот во режимот Еко**
Работно време
До 30 минути
До 80 минути
175

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Aqua plus xc8057Aqua plus xc8055Aqua plus xc8055/01