10. СТАРТУВАЊЕ
Пред да ја приклучите косилката во изворот на
електрична енергија, осигурете се напонот на изворот
да е 230 V ~ 50 Hz.
Пред да ја стартувате косилката, фиксирајте го
продолжниот кабел на закачалката за кабел. (Сл. 24)
Кога косилката е вклучена, ќе се вклучи
индикаторската ламбичка. (Сл. 25)
Сл. 26 за EM-461:
a) Притиснете го безбедносното копче за притискање
(1).
b) Во меѓувреме, повлечете ја рачката на
прекинувачот (2) и задржете ја.
c) Кога моторот ќе почне да работи, почнете да ја
туркате косилката рачно. Ако ја отпуштите рачката
на прекинувачот, моторот ќе запре.
Сл. 27 за EM-461 S:
a) Притиснете го безбедносното копче за притискање
(1).
b) Во меѓувреме, повлечете ја рачката на
прекинувачот (2) и задржете ја.
c) Фатете ја рачката за контрола на самостојното
возење, косилката ќе почне да се движи нанапред
автоматски со брзина од околу 1 м/с. Ако ја
отпуштите рачката на прекинувачот, моторот ќе
запре.
ВНИМАНИЕ: Сечилото започнува да врти
штом се стартува моторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Елементите за сечење
продолжуваат да вртат откако моторот ќе се исклучи.
ВНИМАНИЕ: Опремата е соодветна за
употреба само со напојување со електрична енергија
со дозволив модул на системска импеданца од
0,3536 или помала.
11. СЕЧИЛО
Сечилото е направено од пресуван челик. Треба да се
остри често (со брусно тркало).
Осигурете се секогаш да е балансирано
(небалансираното сечило ќе предизвика опасни
вибрации). За да проверите дали е балансирано,
вметнете кружна шипка низ средишната дупка и
држете го сечилото во хоризонтална положба.
Балансираното сечило ќе остане хоризонтално. Ако
сечилото не е балансирано, потешкиот крај ќе се сврти
надолу. Острете го потешкиот крај додека сечилото не
стане балансирано. За да го извадите сечилото (2),
одвртете ја завртката за сечилото (3).
Проверете ја состојбата на вентилаторот (1) и
заменете ги сите делови што се оштетени.
Кога повторно го склопувате алатот, осигурете се
рабовите за сечење да се свртени во насока на
вртење на моторот. Завртката за сечилото (3) мора да
се стегне до вртежен момент од 20-25 Nm.
272
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При
сервисирање, заменете го
сечилото само со: DOLMAR
263001461 за EM-461 и
EM-461 S.
(Сл. 28, Сл. 29, Сл. 30, Сл. 31)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Откачете го
електричниот кабел од изворот на електрична
енергија.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Заштитете ги рацете со
тешки ракавици или крпа за да ги фатите сечилата
кога го заменувате сечилото.
12. ПРОДОЛЖНИ КАБЛИ
Треба да користите само продолжни кабли за
употреба на отворено, од PVC или гумени кабли за
стандардна употреба со површина на напречен пресек
2
не помала од 1,0 мм
.
Пред употреба, проверете дали каблите за
напојување и продолжните кабли имаат знаци на
оштетување за време на користењето, и ако има
знаци на оштетување и дотраеност, откачете го
кабелот од изворот на електрична енергија. Ако
кабелот се оштети за време на работењето, веднаш
откачете го кабелот од изворот на електрична
енергија. НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО КАБЕЛОТ ПРЕД ДА ГО
ОТКАЧИТЕ ОД ИЗВОРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА
ЕНЕРГИЈА. Уредот не смее да се користи ако кабелот
е оштетен или дотраен. Држете го продолжниот кабел
подалеку од елементите за сечење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секогаш осигурувајте
отворите за вентилација да се чисти.
13. ОДРЖУВАЊЕ И ГРИЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секогаш пред да
изведувате одржување или чистење, откачувајте го
приклучокот од изворот на електрична енергија.
Не прскајте го уредот со вода. Навлегувањето на
водата може да ги уништи комбинираниот уред на
прекинувачот и електричниот мотор. Чистете го уредот
со крпа, рачна четка и сл.
Не користете нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Потребна е стручна проверка, не вршете
прилагодувања самите, мора да контактирате
овластен сервисен центар на Dolmar.
a) ако косилката удри во предмет.
b) ако моторот нагло запира.
c) ако сечилото е свиткано (немојте да го
исправувате)!