Descargar Imprimir esta página

Bosch 0.601.64L.901 Manual Original página 140

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 24
OBJ_BUCH-1272-007.book Page 140 Wednesday, October 12, 2016 12:19 PM
140 | Македонски
За пилата за вдлабнување користете само кратки листови
за пила.
Електричниот апарат со работ на основната плоча 2
поставете го на делот што се обработува и вклучете го. Кај
електричните апарати со контрола на бројот на удари,
поставете го максималниот број на удари. Притиснете го
електричниот апарат на делот што се обработува и
оставете го листот за пилата полека да се вдлабне во делот
што се обработува.
Откако основната плоча 2 ќе легне на целата површина на
делот што се обработува, продолжете да сечење по
должина на линијата.
За одредени работи, листот за пилата 1 може да се постави
со вртење за 180°, а сабјестата пила да се води соодветно
свртена.
Средства за разладување/подмачкување
При сечење на метал, заради вжештување на материјалот,
нанесете средство за ладење одн.подмачкување по
должината на линијата на резот.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Внимание! Пред да извршите одржување или
чистење, исклучете го електричниот апарат и
заклучете ја блокадата при вклучување 6.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Прифатот за листовите за пила, воглавно може да го
исчистите со компресиран воздух или со мека четка.
Притоа, извадете го листот за пилата од електричниот
апарат. Одржувајте ја функционалноста на прифатот за
листовите за пила со употреба на соодветни средства за
подмачкување.
Јаката нечистотија на електричниот апарат може да
доведе до пречки во функцијата. Поради тоа,
материјалите од кои се создава многу прав при сечењето,
не ги сечете од долу или над главата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
1 609 92A 2PA | (12.10.16)
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки
прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU електричните апарати што се
вон употреба и дефектните или
искористените батерии според
регулативата 2006/66/EC мора одделно
да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на
напомените во дел „Транспорт",
cтрана 140.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gsa 10,8 v-li professional