82
www.electrolux.com
4.4 Регулирање на
температурата
Поставете ја температурата на
апаратот со притискање на
регулаторите за температура.
Препорачаната поставена
температура е:
• -18°C за замрзнувачот
Опсегот на температурата може да
варира меѓу -15°C и -24°C за
замрзнувачот.
Показните светла за температура ја
покажуваат поставената температура.
Поставената температура
ќе биде достигната за 24
часа.
По снемување струја
поставената температура
се зачувува.
4.5 функција FastFreeze
Функцијата FastFreeze се користи за
предзамрзнување и брзо замрзнување
во низа во преградата за
замрзнување. Оваа функција го
забрзува смрзнувањето свежа храна
и, истовремено, ја штити храната што
е веќе ставена внатре од несакано
загревање.
За да замрзнете свежа
храна, активирајте ја
функцијата FastFreeze
најмалку 24 часа пред да
ја ставите храната за
предзамрзнување.
1. За да ја активирате оваа функција
притиснете на копчето Mode се
додека не се појави соодветната
икона.
Показното светло FastFreeze трепка.
2. Притиснете го копчето OK за да
потврдите.
Прикажано е показното светло
FastFreeze.
Оваа функција се исклучува
автоматски по 52 часа.
Може да ја деактивирате функцијата
FastFreeze пред нејзиното автоматско
завршување со повторување на
процедурата сè додека не се исклучи
FastFreeze показателот или со
избирање друга поставена
температура.
4.6 функција ChildLock
Активирајте ја функцијата ChildLock за
заклучување на копчињата од
ненамерно работење.
1. Притискајте го Mode сè додека не
се појави соодветниот симбол.
Показното светло ChildLock трепка.
2. Притиснете OK за да потврдите.
Прикажано е показното светло
ChildLock.
За да ја исклучите функцијата
ChildLock, повторете ја постапката
додека не се исклучи показното светло
ChildLock.
4.7 функција DrinksChill
Функцијата DrinksChill треба да се
користи за поставување на звучниот
аларм на претходно одредено време,
корисно на пример кога за одреден
рецепт е потребно ладење на
прехрамбени производи одреден
временски период.
Исто така е корисно кога е потребен
потсетник за да не се заборават
шишињата или лименките ставени во
замрзнувачот за побрзо ладење.
1. Притискајте го Mode сè додека не
се појави соодветниот симбол.
Показното светло DrinksChill трепка.
Тајмерот ја покажува поставената
вредност (30 минути) неколку секунди.
2. Притиснете го регулаторот за
тајмер за да ја промените
поставената вредност на тајмерот
од 1 на 90 минути.
3. Притиснете OK за да потврдите.
Прикажано е показното светло
DrinksChill.
Тајмерот започнува да трепка (min).
На крајот на одбројувањето,
показателот „0 min" трепка и се слуша
звучен аларм. Притиснете го OK за да
го исклучите звукот и да ја завршите
функцијата.
За да ја исклучите функцијата,
повторете ја процедурата додека не
се исклучи показното светло
DrinksChill.