Descargar Imprimir esta página

Bosch 0 611 919 001 Manual Original página 220

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 35
220 | Македонски
Прицврстување на додатокот за заштита од паѓање
(види слика K)
Напомена: за да се осигурате дека електричниот алат
нема да падне, за тежината на системот треба да
користите соодветен додаток за заштита од паѓање (24).
Максимално дозволената должина на додатокот за
заштита од паѓање изнесува 1,8 m. Почитувајте го
дозволеното поле за прицврстување (23) на
електричниот алат.
За да го заштитите уредот од паѓање користете врвка со
анкер или користете го делот за заштита од паѓање со
амортизација на пад.
При прицврстувањето на делот за заштита од паѓање (24)
почитувајте го соодветното упатство за работа.
Спротивните страни на делот за заштита од паѓање
u
прикачете ги на стабилна конструкција (на пр.
објект или скеле) и никогаш на самиот корисник.
Делот за заштита од паѓање мора да може
слободно да се движи и треба да биде прицврстен
само на фиксна точка на спојување (25) и во
дозволеното поле на прицврстување (23) на
електричниот алат.
Изберете ја фиксната точка на спојување (25) така
што електричниот алат во случај на пад, ќе падне
безбедно во безбедносната преграда, без притоа
да се замота околу корисникот или да му наштети.
Никогаш не ја користете куката за закачување (17)
за заштита од паѓање.
Никогаш не го прицврстувајте додатокот за
заштита од паѓање на куката за закачување.
Никогаш не корстете додаток за заштита од паѓање
на електричниот алат со монтирано всисување на
прав GDE 18V-26 D или GDE 16 Plus.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
1 609 92A 80W | (05.07.2022)
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат (2) по секоја употреба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gbh 18v-28 dc