Descargar Imprimir esta página

Bosch GEX 185-LI Professional Manual Original página 155

Ocultar thumbs Ver también para GEX 185-LI Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Замена на сечилото за пила (види слика A)
За вадење на сечилото за пила (8) подигнете го
странично и извлечете го од брусниот диск (5).
Пред да ставите ново сечило за пила, отстранете ја
нечистотијата и правта од брусниот диск (5), на пр. со
четкичка.
Површината на брусниот диск (5) се состои од лепенка,
така што сечилата за пила со лепенка може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Цврсто притиснете го сечилото за пила (8) на долната
страна на брусниот диск (5).
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на сечилото за пила (8) да
одговараат со дупките на брусниот диск (5).
За да го зголемите работниот век на брусниот диск,
особено при користење на абразивни мрежи (на. пр.
Bosch M480) можете да поставите заштитна подлога
(опрема) помеѓу брусниот диск и абразивниот материјал.
Избор на брусен диск
Во зависност од употребата, електричниот алат може да
се опреми со брусни дискови со различна цврстина:
– Меки брусни дискови: соодветни за удобно брусење, и
на заоблени површини
– Средно цврсти брусни дискови: соодветни за сите
видови брусење, се поставуваат универзално
– Цврсти брусни дискови: соодветни за висок брусен
капацитет на рамни површини
Замена на брусен диск (види слика B)
Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни
дискови (5).
Извлечете го брусниот лист. Целосно одвртете ги 4-те
завртки (9) и извадете го брусниот диск (со употреба на
одвртувач T20) (5). Ставете го новиот диск за
брусење (5) и повторно затегнете ги завртките.
Напомена: При поставувањето на брусниот диск
внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во
отворите на брусниот диск.
Напомена: Оштетениот носач на брусен диск (10) смее
да се замени само од овластена сервисна служба за
електрични алати на Bosch.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
Bosch Power Tools
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со ќеса за прав (види слики C–
E)
Ставете ја и притиснете ја целосната ќеса за прав (7) на
млазниците за издувување (11) додека не дојде на исто
ниво со алатот.
За да ја испразните ќесата за прав (12) целосно извадете
ја (7) од млазниците на издувување (11). Одвртете го
адаптерот (13) од ќесата за прав (12) и 
ја.
Напомена: За да обезбедите оптимално всисување на
прав, навремено испразнете ја ќесата за прав (12).
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што ќесата за прав (7) ќе биде
насочена надолу.
Надворешно всисување (види слика F)
Ставете црево за всисување (14) на млазниците за
издувување (11).
Цревото за всисување (14) поврзете го со всисувач за
прав. Прегледот за приклучување на различните видови
на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што цревото за всисување ќе
покажува надолу.
Македонски | 155
испразнете
1 609 92A 7BD | (08.04.2022)

Publicidad

loading