ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
и одржување на опремата, исклучете ја
и извадете ја касетата за батеријата. Во
спротивно, машината може да се активира
ненадејно и тоа да резултира со тешка повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
одржување на опремата, секогаш ставајте
ја долу. Склопувањето или нагодувањето
на опремата во исправена положба може да
резултира со сериозна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ги предупредувањата и мерките на
претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА" и упатството за
користење на уредот за напојување.
ВНИМАНИЕ:
Носете ракавици кога
извршувате проверка или одржување.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Чистење на алатот
Чистете го алатот, така што ќе ја бришете прашината со
сува крпа или крпа натопена во сапуница, па исцедена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Одржување на сечилото за стрижење
Пред работењето или еднаш на час за време на
работата, нанесете масло со ниска вискозност
(масло за машини или масло за подмачкување во
вид на спреј) на сечилата за стрижење.
► Сл.29
По работата, исчистете ја правта од двете страни на
сечилата за стрижење со жичена четка, избришете
ги со крпа и потоа нанесете доволна количина масло
со ниска вискозност (масло за машини или масло за
подмачкување во вид на спреј) на сечилата за стрижење.
► Сл.30
ЗАБЕЛЕШКА:
Не мијте ги сечилата за
стрижење во вода. Во спротивно, може да дојде
до кородирање или оштетување на алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Нечистотијата и корозијата
предизвикуваат прекумерно триење на
сечилата и го намалуваат работното време на
полната батерија.
Пред проверка
При проверка или
Следете
193 МАКЕДОНСКИ
Складирање
Прикачете го капакот за сечилото на сечилата за
стрижење за да не бидат изложени. Складирајте
го алатот надвор од дофат на деца. Складирајте
го алатот на место што не е изложено на влага или
дожд.
При одделно складирање на додатокот од уредот
за напојување, ставете го капачето на крајот од
цевката.
► Сл.31
Подмачкување на подвижните
делови
ЗАБЕЛЕШКА:
Следете ги упатствата за
зачестеноста и количеството на обезбеденото
средство за подмачкување. Инаку, недоволното
подмачкување може да ги оштети подвижните
делови.
Погонска оска:
Нанесувајте средство за подмачкување (масло
Makita N No.2 или слично) на секои 30 часа од
работата.
► Сл.32
НАПОМЕНА: Оригинално средство за
подмачкување на Makita може да се купи од
вашиот локален продавач на Makita.
Подмачкување со масло
Интервал на подмачкување: на секои 25 часа
работење
1.
Извадете ја завртката од отворот за
подмачкување.
► Сл.33: 1. Завртка
2.
Извадете го капачето од садот со масло.
Порамнете го излезниот отвор на садот со масло
со отворот на капакот, а потоа свртете го садот со
масло за да се прикачи излезниот отвор на садот со
масло во отворот.
► Сл.34: 1. Сад со масло 2. Отвор
3.
Нанесете масло на алатот (Приближно 3 г како
насочувач).
4.
Извадете го садот со масло.
5.
Затегнете ја завртката.
Брусење на сечилата за стрижење
ЗАБЕЛЕШКА:
Доколку сечилата за стрижење
значително се деформирале со брусење,
заменете ги со нови.
1.
Монтирајте ја касетата за батерија на алатот.
2.
Вклучете го и стартувајте го алатот така
што горното и долното сечило се поставуваат
наизменично.
► Сл.35