Bosch GIM 60 L Professional Manual Original página 162

Ocultar thumbs Ver también para GIM 60 L Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
OBJ_BUCH-1628-003.book Page 162 Wednesday, March 19, 2014 9:40 AM
162 | Македонски
– За работење без механика на нивелирање, повторно вовлечете ги
ногарката за стоење 16 и ногарката за нивелирање 17. За тоа,
притиснете ги заедно двата дела на ногарката за стоење () и
турнете ја ногарката за стоење 16 во мерниот уред (), додека не се
вклопи. За вовлекување на ногарката за нивелирање 17 притиснете
го прекинувачот 10 на страна.
Прицврстување на статив:
– Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифат за статив 18 на брзо
променливата плоча на стативот 26 или на обичен фото-статив.
Цврсто зашрафете го мерниот уред со шраф за фиксирање на брзо
заменливата плоча.
Прицврстување со магнети:
– Поставете го мерниот уред со магнетите 14 на доволно
магнетизиран дел.
 Проверете дали мерниот уред е сигурно прицврстен. Недоволно
прицврстените мерни уреди може да испаднат или да Ве повредат
Вас или други луѓе. При пад, мерниот уред може да се оштети или да
предизвика оштетувања.
Прицврстување со ремени за држење (види слика C):
– Извлечете ги ремените за држење 25 низ водилките на ременот 15 и
прицврстете го мерниот уред со двата ремени на цевки или слично.
Внимавајте на тоа, велкро лепенката на крајот од ременот да биде
притисната на ременот за држење. При тенки цевки, ременот за
држење провлечете го низ водилките за ременот со мазната страна
нанадвор, и завиткајте го уште еднаш околу мерниот уред како што е
прикажано на сликата, кај дебели цевки, провлечете го ременот за
држење низ водилките за ременот со мазната страна навнатре.
 Секогаш обезбедувајте го мерниот уред со двата ремени за
држење и проверете ги истите дали се стабилно прицврстени.
Силата на држење на ременот 25 зависи од составот на материјалот
на којшто се прицврстува ременот. Лабаво прицврстените мерни
уреди може да паднат и да се оштетат или да предизвикаат
оштетувања.
 Не им дозволувајте на децата да ги користат ремените за
држење 25 без надзор. Може да се повредите со ремените за
држење.
Вклучување и исклучување на мерењето на косини и екранот
За вклучување на мерењето на косини, притиснете го копчето за
вклучување-исклучување 2. Мерниот уред се наоѓа во функција
Мерење на косини со стандардна нулта точка.
За исклучување на мерењето на косини и екранот, одново притиснете
го копчето за вклучување-исклучување 2.
Доколку не се притисне некое копче на мерниот уред во рок од 30 мин
и косината на мерниот уред не се промени за повеќе од 1,5 °, тогаш
мерењето на косини и екранот автоматски се исклучуваат заради
одржување на батеријата. Тоа не се однесува на ласерот.
Вклучување/исклучување на ласерот
За вклучување на ласерот притиснете го копчето за вклучување-
исклучување 19 во позиција „I".
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не
погледнувајте директно во него, дури ни од голема
оддалеченост.
За исклучување на ласерот притиснете го копчето за вклучување-
исклучување 19 во позиција „0".
 Не го оставајте мерниот уред со вклучен ласер без надзор и
исклучете го ласерот по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
Доколку не го користите ласерот, исклучете го, за да заштедите
енергија.
Менување на мерната единица (види слика A)
Во секое време може да ги менувате мерните единици „°", „%" и
„mm/m". За тоа, притискајте го копчето за промена на мерните единици
5, додека не се појави саканата мерна единица на приказот f.
Актуелната измерена вредност автоматски ќе се пресмета.
При исклучување и вклучување на мерниот уред, поставката на
мерната единица останува зачувана.
1 609 92A 0KV | (19.3.14)
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido