Мерни Функции - Bosch GIM 60 L Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GIM 60 L Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
OBJ_BUCH-1628-003.book Page 163 Wednesday, March 19, 2014 9:40 AM
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето сигнален тон 1 може да го вклучувате и исклучувате
сигналниот тон. При вклучен сигнален тон, на екранот се појавува
приказот c.
При исклучување и вклучување на мерниот уред, поставката за
сигналниот тон останува зачувана.
Приказ на измерената вредност и помош при израмнување
Измерената вредност се ажурира при секое движење на мерниот уред.
По поголеми движења на мерниот уред, почекајте со читањето на
измерената вредност, додека не стане непроменлива.
Во зависност од положбата на мерниот уред, измерената вредност и
мерната единица ќе се прикажат на екранот свртени за 180°. Притоа
приказот се чита и при работење на плафон.
Со помошта за израмнување, мерниот уред покажува на a екранот, во
кој правец мора да се навали, за да се постигне целната вредност. При
стандардните мерења, целна вредност претставува хоризонталата или
вертикалата, во функцијата „Copy" зачуваната измерена вредност и
при променета нулта точка-зачуваната нулта точка.
Доколку се постигне целната вредност, стрелките на помошта за
израмнување a се гаснат и при вклучен сигнален тон се слуша трајниот
тон.
Мерни функции
Задржување/пренос на измерена вредност (види слика D)
Со копчето „Hold/Copy" 6 може да контролирате две функции:
– Задржување („Hold") на една измерена вредност, дури и кога
мерниот уред дополнително се поместува (напр. бидејќи мерниот
уред е во позиција, каде екранот е тешко читлив);
– Пренесување („Copy") на измерена вредност.
Функција „Hold":
– Притиснете го копчето „Hold/Copy" 6. Актуелната измерена
вредност b ќе се задржи на екранот, а сите елементи на екранот ќе
трепкаат надвор од измерената вредност.
– За да ја смените функцијата „Copy" , притиснете на копчето сигнален
тон 1, за да стартувате ново мерење, копчето „Hold/Copy" 6.
Функција „Copy":
– Вклучете го сигналниот тон (види „Вклучување/исклучување на
сигналниот тон", страна 163).
– Притиснете го копчето „Hold/Copy" 6. Актуелната измерена
вредност ќе се зачува. Се слуша краток сигнал, приказите за мерна
единица f и сигнален тон c трепкаат.
– Грубо измерените вредности може да ги коригирате пред
пренесувањето: Притиснете го копчето Зголемување на
прикажаната вредност 4, за да ја зголемите зачуваната измерена
вредност, копчето Намалување на прикажаната вредност 5, за да ја
намалите истата.
– Поставете го мерниот уред на целното место, кадешто треба да се
пренесе измерената вредност. Како што е прикажано на сликата,
израмнувањето на мерниот уред е незначително. Помошта при
израмнување a го покажува правецот, во кој мора да се движи
мерниот уред, за да се постигне копираниот агол. При постигнување
на зачуваниот агол, се слуша сигнален тон, помошта при
израмнување a се гаси.
– Притиснете го одново копчето „Hold/Copy" 6, за да стартувате ново
мерење.
Промена на нулта точката
За лесна проверка на (напр. 45°) може да ја промените нулта точката на
мерењето.
Израмнете го мерниот уред на пр. со поставување на еден референтен
работен дел, така што новата нулта точка ќе се прикаже како измерена
вредност (на пр. 45,1°). Притиснете го копчето „Alt 0°" 3. Измерената
вредност b и приказот на изменетата нулта точка e трепкаат.
Грубо измерените вредности може да ги коригирате, сè додека трепка
измерената вредност b: Притиснете го копчето Зголемување на
прикажаната вредност 4, за да ја зголемите зачуваната измерена
вредност, копчето Намалување на измерената вредност 5, за да ја
намалите (на пр. од 45,1° на 45,0°). 3 с по последното притискање на
копчето, прикажаната вредност на косина ќе се зачува како нова
референтна вредност.
По зачувувањето, трепкавиот приказ e укажува на променетата нулта
точка. На приказот за мерење b ќе се прикаже измерената вредност
сведена на нулта точка, како и помошта при израмнување и сигналните
тонови сведени на нова нулта точка. Пример: При косина од 43,8°
сведено на хоризонтала и зачувана нулта точка од 45° ќе се прикаже
1,2° како измерена вредност.
За да се вратите кон стандардната нулта точка 0°, притиснете едно од
копчињата „Alt 0°" 3, „Hold/Copy" 6 или „CAL" 4. Приказот на
променетата нулта точка e ќе се изгаси.
Бесконтактно мерење/пренесување на косини
Со помош на ласерот може бесконтактно да мерите одн. да пренесувате
косини, исто така и на големи растојанија.
Bosch Power Tools
Македонски | 163
1 609 92A 0KV | (19.3.14)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido