Промена На Алат; Ставање Во Употреба - Bosch GDR 14,4 V-EC Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GDR 14,4 V-EC Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 28
притискање на копчето за отклучување на батеријата (5).
Се додека е вметната батеријата во електричниот уред,
таа се држи во позиција со помош на пружина.
За вадење на батеријата (4) притиснете на копчињата за
отклучување (5) и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Промена на алат
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Редовно чистете ги воздушните вентили на
u
електричниот алат. Моторот на вентилаторот може да
ја повлече прашината во куќиштето, а претераната
акумулација на метален прав може да предизвика
опасност од електрична енергија.
GDR 14,4 V-EC/GDR 18 V-EC/GDX 14,4 V-EC/GDX 18 V-
EC:
Ставање на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред,
алатот што се вметнува ставете го до крај во прифатот за
алат (1) и повторно олабавете ја чаурата за заклучување
(2), за да го блокирате алатот за вметнување.
Битовите за одвртувачот (16) може да ги ставите со
помош на универзален држач за битови со топчест
затворач (15).
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред и
извадете го алатот за вметнување.
GDS 14,4 V-EC/GDS 18 V-EC/GDX 14,4 V-EC/GDX 18 V-
EC:
При ставањето на алатот за вметнување,
u
внимавајте тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот за алат, може да се олабави за време на
одвртувањето.
Поставете го алатот за вметнување (17) на
четириаголниот прифат за алат (1).
Во зависност од системот, алатот за вметнување (17) ќе
се постави на прифатот за алат со мали движења (1); ова
нема влијание на функцијата/безбедноста.
Bosch Power Tools
GDX 14,4 V-EC/GDX 18 V-EC:
Некои алати за вметнување (на пр. двојните битови) не
може сигурно да се прицврстат во прифатот за алат.
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат
во погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови
и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
u
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Прекинувачот за правец на вртење (9) поставете го во
средната позиција, за да го заштитите електричниот алат
од невнимателно вклучување.
Наполнетата батерија (4) притиснете ја однапред
навнатре во подножјето на електричниот алат, додека не
се заклучи батеријата.
Подесување на правецот на вртење (види слика D)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (9)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е
возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и
прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот
за менување на правец на вртење (9) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (9) на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(10) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (10).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
Македонски | 177
1 609 92A 4PU | (16.10.2018)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido