Предмет
Шрафови на
дополнителната
опрема и на уредите
со сечивата
Платнена заштита
Контрола со поставени
уреди со сечива (видете
ги соодветните упатства
дадени во упатството
за машината).
6.2.2 Тест за работата на машината
За следните операции, видете ги
соодветните упатства дадени во
упатството за тревокосачката со
седнат оператор и предно косење.
6.3 ПАЛЕЊЕ / РАБОТА
За следните операции, видете ги
соодветните упатства дадени во
упатството за тревокосачката со
седнат оператор и предно косење.
6.4 ПО РАБОТАТА
• Исчистете ја машината (пасус 7.4).
• Проверете дали на машината има
оштетувања. Ако е потребно, контактирајте
со овластен сервисен центар.
7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.1 ОПШТО
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
Сите контроли и интервенции за
одржување треба да се извршат со
застаната машина и изгасен мотор.
Извадете го клучот и прочитајте
го соодветното упатство пред да
започнете какви било дејства за
одржување или поправка.
Носете соодветна облека, ракавици и
очила пред да работите на одржувањето.
• Зачестеноста и висот на интервенција
се дадени во „Табелата за одржување".
Табелата го прикажува опсегот што ќе ви
помогне при одржување на ефикасноста
Резултат
Добро фиксирани (не
се разлабавени)
Правилно поставено
Нема чудни вибрации.
Нема чудни звуци.
и безбедноста на машината. Во неа
се прикажани главните интервенции
и предвидените интервали за секоја
од ставките. Извршете ја соодветната
постапка пред првата појава.
ВАЖНО Сите работи за одржување
и регулација коишто несе опишани во
ова упатство треба да се извршат кај
застапникот или во овластен сервис.
7.2 ПОЗИЦИЈА ЗА МИЕЊЕ
И ОДРЖУВАЊЕ
1. Секогаш активирајте ја сопирачката
за мирување за да спречите движење
на машината (видете ги и упатствата
дадени во упатството за тревокосачката
со седнат оператор и предно косење).
2. Извадете го конекторот на електричниот
кабел од машината (сл. 14.А).
3. Извадете го задниот дел од
комплетот со уреди со сечива:
– Фатете и држете кај точката (сл.
16.А) и подигајте полека.
– Свртете ја рачката за откачување на
потпорната шина (сл. 16.В) и спуштете го
полека комплетот со уреди со сечива.
– Извршете ја операцијата на двете страни.
4. Фатете го работ на комплетот со уреди
со сечива (сл. 17.A) и подигајте полека
додека не се постигне најголемата
висина и не го слушнете звукот на
кликнување. Комплетот со уреди
со сечива се блокира во позиција
за миење и одржување (сл. 18).
5. Проверете дали двата системи за
блокирање (сл. 18.А) се активирани
и дали комплетот со уреди со
сечива е стабилен во позицијата.
6. Извршете го одржувањето
на уредите со сечивата.
Машината е опремена со безбедносен
систем којшто не дозволува активирање
на уредите со сечива кога се во позиција
за миење и одржување.
Апсолутно е забрането да се
активираат уредите со сечивата
кога комплетот со уреди е во
позиција за миење и одржување.
За да го поставите комплетот со уреди
со сечива во позиција за работа:
7. Фатете го предниот раб на комплетот со
уреди со сечива и подигнете го полека.
8. Притиснете ги двете рачки за
откачување „Quick Flip" (сл. 19.А) за
да ги дезактивирате двата системи
8
MK -