KRAUSE 1110 Serie Instrucciones De Uso página 129

Escalera con tarima
Tabla de contenido

Publicidad

Вовед
MK
Ова упатство за користење и за опслужување го опишува безбедното користење на
мобилнит е платформски скали. Пред употреба внимателно прочитајте го упатството за
работа и ракување и чувајте го за во иднина. При предавање на скалата на друго лице мора да
се предаде и упатството за работа и ракување.
1. Наменета употреба
Оваа скала е мобилна работна алатка која може да се постави на различни места. Со оваа
скала можат да се изведуваат работи од помал обем во висина на платформата, кога
користењето на други работни средства не е соодветно (види одредба за безбедноста на
работните средства). Мобилната платформска скала смее да се употребува само на начин
како што е опишан во упатството за користење и опслужување. Секоја друга употреба се смета
за несоодветна. Не се презема одговорност за штета предизвикана од неправилна употреба.
Овој вид скали треба да се користат во затворени простории. Промените на скалата кои не се
одобрени од производителот ќе ја поништат гаранцијата.
2. Технички информации
Илустрација на мобилната платформска скала и набројување на составните делови на скалата.
Техничките информации релевантни за конкретниот вид скала се прикачени на производот.
Дополнителни информации во табелата.
3. Содржина на достава
Листа на сите доставени делови (пример):
мобилна платформска скала (комплетна) + упатство за користење и опслужување +
опционална дршка (внимавајте на посебното упатство за монтирање).
4. Инструкции за монтажа
Во согласност со типот на скалата и состојбата при достава, скалата можно е да биде целосно
монтирана пред употреба. Некои од мобилните платформски скали се опремени со дршки,
што мораат да бидат монтирани пред употребата. Во тој случај ве молиме да внимавате на
одделното упатство за монтажа.
5. Општи безбедносни упатства
Опасност од задушување од пакувањето. Кога ја користите оваа скала, постои ризик од паѓање
или превртување. Така има опасност од повреда на луѓет или оштетување на предмети. Скалата
и материјалите за пакување не се играчки за деца. Сите работи со и на скалата се вршат на
таков начин што ќе ги минимизираат овие опасности. Скалата да се користи само за лесна
работа со кратко траење. Не работете премногу долго на скалата без редовни прекини. Заморот
го загрозува безбедното користење. Скалата мора да биде соодветна за конкретната употреба
и може да се користи само во наведените позиции за поставување. Да се употребуваат само
предвидените површини за стоење. Скалата т.е. деловите на скалата не смеат да се менуваат.
Внимавајте на безбедно позиционирање додека работите и се качувате или слегувате. Мора да
се почитуваат важечките национални правила и прописи, особено при професионална примена.
Користете само додатоци одобрени од производителот.
6. Поставување и ракување
При поставување и ракување со скалата задолжително треба да се внимава на инструкциите
на производот и во упатството за употреба и ракување.
Информација за изведбата на мобилните платформски скали:
Еднострана или двострана варијанта за искачување. Со платформа за качување.
Информација за користењето на мобилните платформски скали:
Безбедно поставување и позиционирање на мобилната платформска скала. Аретирање /
користење на осигурувачот против ширење (ако постои). Дршката да се монтира (ако постои).
Информација за транспортирање / движење на скалата.
6.1 Општи безбедносни инструкции
1.
Предупредување. Се уривам од скалат.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Productos relacionados para KRAUSE 1110 Serie

Este manual también es adecuado para:

1117 serie1118 serie

Tabla de contenido