VOX electronics KG-160A-IM Manual De Usuario página 71

Parrilla de contacto
Tabla de contenido

Publicidad

ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
• Секогаш исклучувајте го апаратот и оставете да се олади пред чистење. Апаратот полесно се
чисти кога е благо топол. Нема потреба од расклопување на апаратот при чистење. Никогаш не го
потопувајте апаратот во вода ниту е наменет за чистење во машина за миење садови.
• Плочите за печење можат да се мијат во вода или во машина за миење садови.
• Исчистете ги плочите за печење со мека крпа за да ги отстраните остатоците од храна. За
запечените остатоци додајте малку млака вода со детергент преку остатоците од храна, потоа
исчистете со неабразивен пластичен предмет или поставите влажен кујнски бришач преку плочите
за да ги навлажнете остатоците од храна на плочата.
• Немојте да користите никакво абразивно сретство кое би можело да го оштети или изгребе слојот
кој штити од лепење на храната.
•Немојте да користите метални предмети за да ја отстраните храната, тие можат да ја оштетат
нелепливата површина.
•Надворешноста на апаратот исчистете ја исклучиво со влажна крпа. Немојте да ја чистите
надворешноста на апаратот со абразивен сунѓер или со челична жица бидејќи ќе се оштети
површината. Не го потопувајте апаратот во вода или во била која течност.
• Не ставајте го апаратот во машина за миење садови.
• После секоја употреба, отстранете го и испразнете го садот за собирање на вишок на масло и
измијте го садот со топла вода со сапуница. Избегнувајте употреба на сунѓер или јаки детергенти
бидејќи тие можат да ја оштетат површината. Измијте и детално исушите со чиста и мека крпа и
складирајте.
ЧУВАЊЕ
• Секогаш исклучувајте го апаратот пред да го складирате.
• Осигурајте се апаратот да е секогаш ладен и сув пред да го складирате.
• Напојниот кабел може да се измота околу долниот дел на куќиштето пред да складирате.
ЕКОЛОШКО ОТСТРАНУВАЊЕ
Вие можете да помогнете во заштитата на
животната средина!
Ве молиме запомнете да ги почитувате
локалните регулативи: предадете ги уредите
што не работат во соодветен центар за
отстранување на отпадот.
6

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido