OBJ_BUCH-1714-005.book Page 198 Wednesday, December 3, 2014 2:00 PM
198 | Македонски
Пред секое користење,
проверете го полначот, кабелот и
приклучокот. Не го користете
полначот, доколку приметите
оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на
поправка кај квалификуван
стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни
делови. Оштетениот полнач, кабел
и приклучок го зголемува ризикот
за електричен удар.
Не го користете полначот на
лесно запалива подлога (на пр.
хартија, текстил итн.) односно во
запалива околина. Постои
опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што
произлегува при полнењето.
Не ги оставајте децата без
надзор. Така ќе се осигурате дека
децата нема да си играат со
полначот.
Децата и лицата, кои поради
нивните физички, сензорни или
духовни способности или нивно
неискуство или непознавање не
се во состојба, безбедно да
ракуваат со полначот, не смеат
да го користат истиот без надзор
или инструкции од страна на
одговорно лице. Инаку постои
опасност од погрешна употреба и
повреди.
F 016 L81 214 | (3.12.14)
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
Носете заштитни ракавици
Носете заштитни очила.
Правец на реакција
Правец на движење
/
Вклучување/Исклучување
Дозволена функција
Забранети акции
Чујна бучава
Опрема
Употреба со соодветна намена
Уредот е наменет за сечење на тенки грмушки и за косење
трева покрај рабови.
Додатокот за распрскување е наменет за прскање
растворливи средства за заштита на растенијата, на
пример инсектициди, фунгициди, хербициди и ѓубрива.
Овој производ е погоден само за домашна употреба.
Производот не е наменет за употреба со други хемиски
средства и не е за комерцијална употреба.
Bosch Power Tools