Bosch GSR 10,8 V-EC TE Professional Manual Original página 120

Ocultar thumbs Ver también para GSR 10,8 V-EC TE Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 21
OBJ_BUCH-2205-001.book Page 120 Tuesday, December 9, 2014 12:02 PM
120 | Македонски
Монтажа
Полнење на батеријата
 Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
– За да ја извадите батеријата 7 притиснете на копчињата
за отворање 6 и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Замена на алатот (види слика A)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Извлечете го граничникот за длабочина 4 нанапред.
Извадете го битот за зашрафување/одвртување 1. По
потреба може да го извадите и универзалниот држач за
битови 11 и да го замените.
За да го извадите битот за одвртувачот или универзалниот
држач за битови, може да користите помошен алат.
По успешната замена на алатот, повторно вметнете го
граничникот за длабочина 4.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
 Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно
2 609 141 186 | (9.12.14)
функционирање или до оштетување на електричниот
апарат.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење 5
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија 7 вметнете ја во
дршката, додека не се вклопи и не легне рамно во
дршката.
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 5
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 10 е притиснат ова не е
возможно.
Тек десно: Турнете го прекинувачот за правец на
вртење 5 од двете страни се до крај во позиција
Тек лево: Турнете го прекинувачот за правец на
вртење 5 од двете страни се до крај во позиција
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
10 и држете го притиснат.
LED светлото 12 свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 10 е напола или целосно
притиснат и овозможува осветлување на местото на
зашрафување/одвртување при неповолни светлосни
услови.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 10.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 10.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 10 се постигнуваат мал број на
вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи.
Поставување на длабочината на зашрафување
(види слика B)
Со чаурата за подесување 3 со вртење може да се избере
длабочината на зашрафување на главата на
зашрафувачот/одвртувачот во делот што се обработува 8
во неколку степени. Секој степен одговара на промената
на длабочината за зашрафување за 0,25 мм.
Вртењето на чаурата за подесување 3 во правец на
стрелките на часовникот резултира со поголема
длабочина на зашрафување, а вртењето во спротивен
правец на стрелките на часовникот со помала длабочина
на зашрафување.
Најдобро ќе подесите доколку направите пробно
зашрафување.
.
.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido