Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GSS Professional 140-1 A Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GSS Professional 140-1 A:
Tabla de contenido

Publicidad

OBJ_BUCH-2247-003.book Page 120 Tuesday, September 27, 2016 3:54 PM
120 | Македонски
Сопствено вшмукување со кутија за прав
(види слики G–J)
Ставете ја кутијата за прав 2 на млазниците за издувување
14.
Нивото на наполнетост на кутијата за прав 2 може лесно да
се контролира преку транспарентниот резервоар.
За да ја испразните кутијата за прав 2 извлечете ја со
лесно вртење наназад.
Одвртете го елементот за филтер 15 од кутијата за прав 2.
Испразнете ја кутијата за прав.
Лесно тропнете со филтерот 15 на цврста подлога, за да
падне правта. Исчистете ги ламелите на филтерот 15 со
мека четка.
Напомена: За да овозможите оптимално вшмукување на
прав, редовно празнете ја кутијата за прав 2 и редовно
чистете го филтерот 15.
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот апарат така што кутијата за прав 2 ќе
покажува надолу.
Надворешно вшмукување (види слика K)
Ставете го цревото за вшмукување 16 (опрема) на
млазниците за издувување 14. Поврзете го цревото за
вшмукување 16 со вшмукувач за прав (опрема).
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот апарат така што цревото за вшмукување ќе
покажува надолу.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат,
навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување 1
кон десно во позиција „I".
За да го исклучите електричниот апарат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1 кон лево во
позиција „0".
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
1 609 92A 368 | (27.9.16)
Совети при работењето
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Капацитетот на отстранување при брусењето во главно се
одредува преку изборот на брусен лист.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот апарат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gss professional 160-1 aGss professional 160-1 a multi

Tabla de contenido