OBJ_BUCH-2918-001.book Page 118 Tuesday, July 19, 2016 2:46 PM
118 | Македонски
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Заменете го сечилото (види слика A)
Горниот нож 10 и долниот нож 11 се исти, секој од нив има
по четири резни острици и можат меѓусебно да се заменат.
Навремено вртете ги одн. менувајте ги ножевите, бидејќи
само острите алати за вметнување имаат добар учинок и го
чуваат електричниот апарат.
– За да го смените горниот нож 10 олабавете ја завртката
9, за да го смените долниот нож 11 завртката 13.
– Свртете го ножот за 90° или наместете нов нож. При
ставањето на долниот нож 11 внимавајте тој да налегне
на завртката за подесување 12.
Напомена: Ножот свртете го само во правецот што е
прикажан на сликата одн. ставете го новиот нож во
позицијата што е прикажана на сликата. Доколку
погрешно го поставите ножот не е возможно сечење.
– Повторно затегнете ја завртката 9 за горниот нож одн.
завртката 13 за долниот нож со затезен вртежен
момент од 3–4 Nm. Проверете го растојанието меѓу
ножевите a (види „Поставување на растојанието меѓу
ножевите a", страна 117).
Горниот нож 10 и долниот нож 11 не смеат дополнително
да се острат.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
1 609 92A 2MV | (19.7.16)
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки
прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU електричните апарати што се
вон употреба и дефектните или искорис-
тените батерии според регулативата
2006/66/EC мора одделно да се соберат и
да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на
напомените во дел „Транспорт",
cтрана 118.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools