ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ТРИМЕР ЗА ТРЕВА НА БАТЕРИИ
Производен број .........................................................................
Брзина без оптоварување 1ва брзина .....................................
Брзина без оптоварување 2ва брзина .....................................
Макс. ø конец за сечење ...........................................................
Максимален дијаметар на сечење ...........................................
Волтажа на батеријата .............................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 (со батерија 9,0 ампер/часови) .
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 60335-1 /
EN 50636-2-91.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува: ......
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=2dB(A)) .................
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=2dB(A)) .....................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите
насоки) пресметани согласно EN 60335-1 / EN 50636-2-91.
Вибрација на предна рачка ....................................................
Вибрација на задна рачка ......................................................
Несигурност К ......................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60335-1 / EN 50636-2-91 и
може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на
осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со
отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето
на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е исклучен или
работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на електро-алатот
и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.
ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните напомени и
упатства. Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и
инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ
Инструкции за употреба
Внимателно прочитајте го упатството за употреба и запознајте се со
елементите за употреба и со начинот за соодветна употреба на
алатката.
Немојте да дозволите, деца, лица со ограничена телесна, сензорска
или душевна способност или недостаток на искуство и знаења или
лице, кои што не се запознаени со упатството за употреба, да ја
користат оваа машина. Локалните прописи може да ја ограничат
возраста на операторот.
Обрнете внимание на тоа, дека Вие како управувач со алатката сте
одговорен за незгоди или опасности, кои што при нeјзина употреба ќе
настанат кај други лица и кај нивна сопственост.
Подготовка
Проверете пред неговата употреба дали уредот има оштетени, отсутни
или погрешно поставени поклопки или заштитни механизми.
Никогаш не го употребувајте градинарскиот апарат кога во непосредна
близина се наоѓаат деца или домашни миленичиња.
При употреба на апаратот користете целосна заштита на очите. При
работа на места, каде што постои опасност од пад на предмети, мора
да се носи заштита на главата.
Користењето на штитник за уши може да ја ограничи способноста на
лицето што го носи да слушне сигнали за предупредување. Особено
122
МАКЕДОНСКИ
M18 CLT
............ 4585 72 01...
.. ...000001-999999
......................... 4600 min
-1
......................... 5800 min
-1
............................ 2,5 mm
........................... 400 mm
............................. 18 V
............................ 5.6 kg
.......................... 74,3 dB (A)
.......................... 94,4 dB (A)
.......................... 4.08 m/s
2
.......................... 1.96 m/s
2
............................ 1,5 m/s
2
треба да обрете внимание на можни опасности во близина и на
работното подрачје.
Носете долги, дебели пантолони, чизми и ракавици. Немојте да носите
широка облека, куси пантолони или накит. Немојте да одите боси.
Врзете ја косата одзади, така што истата ќе биде над должината на
рамениците, за да спречите косата да се закачи на подвижните делови
од машината.
Употреба
Чувајте го електричниот и продолжниот кабел подалеку од
механизмите за сечење.
За време на употребата на алатката носете штитник за очи и цврсти
чевли.
Алатката да не се користи при лошо време – особено не тогаш, кога
постои опасност од удар на гром.
Употребувајте го градинарскиот апарат исклучиво на дневна светлина
или на квалитетно вештачко светло.
Уредот никогаш да не се пушта во погон доколку има оштетени или
отсутни покривки или заштитни механизми.
Вклучете го моторот дури рацете или нозете ќе Ви бидат надвор од
дофат на механизмот за сечење
Батеријата да се отстрани секогаш,
- кога уредот не е под контрола,
- пред да отклоните дефект,
- пред да извршите проверка, чистење и поправка на уредот,
- кога при сечење сте допреле страно тело,
- кога уредот ќе почне да вибрира премногу силно.
Ве молиме внимавајте на повреди на рацете и нозете што може да
настанат од механизмите за сечење.
Обрнете внимание на тоа, отворите за вентилација секогаш да бидат
слободни
Избегнувајте користење на уредот во мокра треба.
Немојте да се движите наназад, кога го користите производот.
Немојте да го користите производот кога постои опасност од удар од
гром.
Немојте да го изложувате производот на дожд и на влажни временски
услови. Продирањето на вода во уредот ја зголемува опасноста од
струен удар.
Држете гледачи, деца и домашни миленичиња најмалку на
оддалеченост од 15 метри од работната површина. Стопирајте го
производот, кога некој ќе се приближи до работната површина.
Држете го додатокот за сечење под висината на колковите.
Држете ги рацете и нозете секогаш подалеку од дометот на
механизмите за сечење, особено при вклучување на моторот.
Бидете внимателни, елементите за сечење се вртат и понатаму, откако
моторот ќе биде исклучен.
Внимавајте на објекти, кои што може да бидат исфрлени од
механизмот за сечење. Отстранете ја целата нечистотија, како на
пример камења, чакал и други страни тела од работната површина,
пред да почнете со работа. Жиците или врвките може да се заплеткаат
во механизмот за сечење.
Малиот нож на заштитната поклопка служи за скратување на конецот
за сечење до вистинската должина, со цел сигурен и оптимален
капацитет. Ножот е многу остар, немојте да го допирате, особено при
чистење на алатката.
Осигурајте се дали додатокот за сечење е уредно монтиран и
прицврстен.
Осигурајте се дали заштитните механзми, дефлекторите и рачките се
уредно и сигурно прицврстени.
Немојте да вршите промени во подесувањето на машината, со кои што
ќе се зголеми опасноста да бидете повредени вие или други лица.
Користете калем со конец за сечење само од оригиналниот
производител. Немојте да користите друг додаток за сечење.
Не употребувајте метални сечење средства.
Во случај на незгода или на застој во работењето веднаш исклучете го
уредот и извадете ја батеријата. Производот не смее повторно да биде
пуштен во погон се додека не биде прегледан од овластен сервис.
Пред секоја употреба осигурајте се дали секачот е правилно поставен
и прицврстен.
Пред секоја употреба и по секој удар проверете дали се оштетени
некои делови. Дефектен прекинувач или друг дел, кој што е оштетен
или истрошен, треба уредно да биде поправен или заменет од страна
на овластен сервис.
Никогаш немојте да го употребувате производот пред да бидат уредно
и сигурно прицврстени заштитните механизми, дефлекторите и
рачките.
Внимавајте на Вашата работна околина. Отстранете жици, стапови,
камење и крупно ѓубре од површината на сечење, бидејќи во спртивно
истите може да бидат исфрлени од уредот.
Одржување и чување
Да се извади батеријата пред сервисирање и чистење на уредот.
Користете само прибор и резервни делови препорачани од
производителот (види страница 21).
Редовно сервисирајте го и грижете се за уредот. Уредот да се поправа
само од страна на овластен сервисер.
Доколку не го користите, чувајте го уредот надвор од дофат на деца.
Никогаш немојте да користите резервен конец од метал.
Сопрете ја машината и оставете ја да се олади, пред да ја складирате
или да ја транспортирате.
Отстранете страни тела од производот. Складирајте го уредот на суво
место со добра вентилација, кое што не овозможува пристап на деца.
Да се чува подалеку од кородирачки материи, како што се градинарски
хемикалии и соли за одмрзнување. Да не се сладира на отворено.
Пред складирањето на уредот обавезно да ја отстраните батеријата.
Осигурајте го производот при транспорт од движење или пад, за да се
спречи повреда на лица или оштетување на производот.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ
Немојте да дозволите, деца, лица со
ограничена телесна, сензорска или
душевна способност или недостаток на
искуство и знаења или лице, кои што не
се запознаени со упатството за употреба,
да ја користат оваа машина. Локалните
прописи може да ја ограничат возраста
на операторот.
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Не ги оставајте искористените батерии
во домашниот отпад и не горете ги.
Дистрибутерите на Милвоки ги собираат
старите батерии, со што ја штитат
нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со
метални предмети (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за
полнење на батерии од M18 систем. Не
користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите
може да истече при екстремен напон или
температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите
плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
ПРЕОСТАНАТ РИЗИК
Дури и при уредна употреба на
машината, не може да се исклучат сите
преостанати ризици. При употребата
може да настанат следните опасности,
на кои операторот треба особено да
внимава:
• Повреди предизвикани како последица
на вибрации.
МАКЕДОНСКИ
123