Важни Напомени За Безбедност - Milwaukee LDM 30 Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para LDM 30:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
СОДРЖИНА

Важни напомени за безбедност ...........................................1

Технички податоци ................................................................2
Табела со кодови на грешките .............................................2
Преглед ..................................................................................3
Држач на каишот ...................................................................4
Менување на батерија ..........................................................4
Вклучи/исклучи......................................................................5
Сменете ја единицата ...........................................................5
Мерење ..................................................................................6
МАКЕДОНСКИ
ВАЖНИ НАПОМЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Почнете да го употребувате производот дури откако ќе
ги прочитате напомените за безбедност и упатството
за употреба на приложеното ЦД.
Класификација на ласерите
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Производот одговара на ласерската класа 2 според EN60825-
1:2014 .
LASER
2
Предупредување:
Избегнувајте директен контакт со очите. Ласерскиот зрак може да ги
заслепи очите и да доведе до краткорочно слепило.
Не погледнувајте во ласерскиот зрак и зракот не го усмерувајте
непотребно према други лица.
Не заслепувајте други луѓе со светлината.
Предупредување:
Ласерскиот апарат не смее да се употребува во близина на деца ниту
пак на деца смее да им се дозволи да го користат ласерскиот апарат.
Внимание! Рефлектирачка површина би можела да го врати
ласерскиот зрак назад до корисникот или до други лица.
Одржувајте прикладно безбедносно растојание кон подвижните
делови.
Редовните контролни мерења мора да се спроведуваат, посебно
пред, за време и после важни мерни задачи.
Внимавајте на фалични мерења во случај на употреба на дефектен
производ, после негово паѓање на земја или некоја друга недозволива
примена односно измена на производот.
Предупредување: Употребата на елементите за управување,
подесувањата или извршување на други постапки од тие кои што се
утврдени во прирачникот може да доведе до опасно зрачно
оптоварување.
Ласерскиот мерен апарат има ограничено подрачје на употреба.
(Види во делот Технички податоци). Секакви обиди да се вршат
мерења вон максималното и минималното подрачје доведуваат до
непрецизности. Примената во случај на лоши услови како што е на
пример премногу жешко, премногу студено, многу силна сончева
светлина, дожд, снег, магла или други услови кои што го ограничуваат
видното поле, може да доведе до непрецизни мерења.
Кога ласерскиот мерен апарат од топла околина се донесува во
студена околина (или обратно), почекајте додека апаратот да се
прилагоди на температурата на новата околина.
Ласерскиот мерен апарат чувајте го секогаш во простории, а апаратот
чувајте го од потреси, вибрации или екстремни температури.
Ласерскиот мерен апарат заштитете го од прав, влага и висока
влажност на воздухот. Таквите услови можат да ги уништат
внатрешните делови на апаратот или пак да извршат влијание врз
прецизноста.
Не употребувајте агресивни средства за чистење или средства за
растворање. Чистете исклучиво со чиста, мека крпа.
Избегнувајте силни удари на ласерскиот мерен апарат или негово
паѓање. Прецизноста на апаратот треба веднаш да се провери
доколку истиот Ви паднал или доколку бил изложен на друг вид
механичко оптоварување.
Потребните поправки на овој ласерски апарат смеат да се изведуваат
само од страна на авторизиран стручен персонал.
Производот не смее да се примени во околина во која што постои
опасност од експлозии или е агресивна сама по себе.
Празни батерии не смеат да се фрлаат заедно со домашниот
отпад. Потрошени батерии заради целта на нивно
отстранување, а притоа запазувајќи ја околината во склад со
националните и локалните прописи, се предаваат на за таа
намена предвидените собирни места. Апаратот не смее да се фрли
во домашниот отпад. Апаратот мора стручно да се отстрани. Притоа
обратете внимание на прописите за фрлање кои што се однесуваат
на конкретната земја. Обратете се до местните служби или до Вашиот
продавач за да добиете информации во врска со фрлањето на овој
отпад.
СЕ-знак
1

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido