Milwaukee DD2-160 XE Manual Original página 47

Ocultar thumbs Ver también para DD2-160 XE:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 15
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се
обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да
стане многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат
додека е машината работи.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната
површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни
инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со
направа за напон. Необезбедени парчиња кои што се
обработуваат можат да предизвикаат тешки повреди и
оштетувања.
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Кога работите со големи дијаметри на бушотина,
помошната рачка мора да биде врзана под вистински
агол со главната рачка (видете илустрации, дел,,Вртење
на рачката,,).
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Дијамантската дупчалка може да биде користена за
дупчење со дијамантски назабувања. Со монтиран
продолжеток машинате е погодна за перкусионо
дупчење во карпи и дупчење дупки во дрво и челик.
Машината не е погодна за влажно дупчење во бетон.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
"Технички податоци" опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHs), 2004/108/EC, 2006/42/EC и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-11:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:1997 + A1:2001 + A2:2008
EN 61000-3-2:2006 + A1:2009 + A2:2009
EN 61000-3-3:2008
EN 50581:2012
Winnenden, 2014-10-22
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
92
МАКЕДОНСКИ
ГЛАВНИ ВРСКИ
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани
за струја преку направата за поврзување (FI, RCD,
PRCD).
Да се спои само за една фаза АС коло и само на
главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така
и поврзување на приклучок без заземјување доколку
изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.
Бидете сигурни дека машината е исклучена пред да ја
вклучите во струја.
ЗАШТИТА НА МОТОРОТ ВО УСЛОВИ НА
ПРЕОПТОВАРУВАЊЕ
Направата за заштита на моторот го контролира
оптоварувањето на моторот. Машината полека ќе
продолжи да работи за да го олади моторот. После
доволното ладење на машината таа може повторно да
се рестартира со копчето за вклучување.
МЕКО УДИРАЊЕ
Во зависност од материјалот кој треба да се обработува,
мекото удирање може да резултира со значително
намалување на времето на дупчење или подолг животен
век на дијамантските делови.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Доколку машината воглавном се користи за удирачко
дупчење, редовно чистете ја насобраната прашина од
продолжетокот. За да го направите тоа држете ја
машината свртена со главата надолу вертикално и
потполно отворете ја и затворете ја главата.
Насобраната прашина ќе падне од неа.
Се препорачува редовно користење на клинер за
стегите и затегачите.
Ако приклучниот мрежен вод е оштетен, тој мора да
биде заменет од служба за клиенти, бидејќи за тоа е
потребен посебен алат.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на
артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на
етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник
или директно кај: Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Секогаш кога преземате активности врз
машината исклучете го кабелот од
струјата.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати не смеат да се
фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати
треба да се собираат одделно и да се
однесат во соодветниот погон заради
нивно фрлање во склад со начелата за
заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни
служби или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Електрично орудие од заштитната
категорија II.
Електрично орудие чијашто заштита од
електричен удар не зависи само од
основната изолација туку и од тоа дали ќе
се применат дополнителните заштитни
мерки како што се двоструките изолации
или појачаната изолација.
Не постои никаква направа за
приклучување на некој заштитен вод.
СЕ-знак
Regulatory Compliance Mark (RCM).
Производот ги исполнува важечките
прописи.
EurAsian (Евроазиски) знак на
конформитет.
МАКЕДОНСКИ
93

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido