Skil GT1-0540 Serie Manual Original página 199

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 65
предизвика неочекувана повратна реакција со што
лостот ќе се отфрли нагоре и надолу кон операторот
Заглавувањето на синџирот на пилата долж врвот
на лостот може да го потисне лостот неочекувано
наназад кон операторот
Секоја од овие реакции може да предизвика да ја
загубите контролата врз пилата со што може да
дојде до сериозна лична повреда (не ослонувајте се
само на безбедносните уреди коишто се вградени во
пилата; како оператор со пила, треба да преземете
дополнителни чекори коишто ќе обезбедат работа
без несреќи или повреди)
Повратниот удар е резултат на неправилна употреба
на алатот и/или несоодветна работна постапка или
услови, а може да се избегне ако ги преземете
неопходните безбедносни мерки како што е
посочено подолу.
- одржувајте цврст зафат со палците и прстите
обвиткани околу држачите на пилата и со
двете раце на пилата, но и поставете ги телото
и рацете на начин на којшто ќе може да пружат
отпор на силите на повратниот удар (силата на
повратниот удар ја контролира операторот ако ги
преземе соодветните мерки на претпазливост, не
испуштајте ја пилата)
- не пресегајте се и не сечете над висината на
рамото (така се спречува ненамерен контакт
со врвот и се овозможува подобра контрола врз
пилата во неочекувани ситуации)
- користете само лостови и синџири за
замена коишто ги одредува производителот
(неправилно заменетите лостови и синџири може
да доведат до кинење на синџирот и/или повратен
удар)
- следете ги упатствата за острење и одржување
на производителот коишто се однесуваат за
пилата (намалување на стандардизираната висина
може да доведе со посилен повратен удар)
ЛИЧНА ЗАШТИТА
Се препорачува операторот прво да има практична
обука за употреба на пилата и заштитна опрема
којашто ќе му ја обезбеди искусен оператор.
Првичната работа треба да биде со сечење гранки на
магарица за сечење или на трупче
Не допирајте го синџирот додека се движи
Не работете со пилата во близина на други луѓе,
деца или животни
Не работете со пилата ако сте пиеле алкохол или
ако сте под влијание на токсични лекови или
медикаменти
Обезбедете децата да не си играат со алатот
ПО УПОТРЕБА
Секогаш исклучувајте го алатот и отстранувајте ја
батеријата
- кога косилката ја оставате без надзор
- пред чистење заглавен материјал
- пред проверка, чистење или работа на косилката
- ако удрите во стран предмет
- секогаш кога косилката ќе вибрира невообичаено
Чувајте ја машината во затворен простор на суво и
затворено место и подалеку од дофат на деца
- батеријата и алатот треба да се чуваат одделно
АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА
Испорачаната батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата пред да го употребите вашиот електричен
алат за првпат)
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*31****
Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку да се замени
Не ја расклопувајте батеријата
Никогаш не ги изложувајте на дожд алатот/
батеријата
Дозволена температура на околината (алатка/
полнач/батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа –20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Во допир со оган батериите ќе експлодираат, затоа
не ги палете батериите од која било причина
5 Не изложувајте го алатот на дожд
6 Носете заштитни очила и заштита за ушите
7 Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 50°C
8 Не се ослободувајте од електични алати и батерии во
домашниот отпад
УПОТРЕБА
Упатство за составување 9
! извадете ја батеријата од машината
! секогаш користете ракавици кога работите со
синџирот
- поставете ја моторната пила на соодветна, рамна
површина
- извадете ја плочата на капакот A вртејќи го
копчето за заклучување B обратно од правецот на
стрелките на часовникот
- лизнете го синџирот C во процепот околу лостот D
- вметнете го синџирот на погонскиот запченик F
и насочувајте го лостот на синџирот D, така што
навртката за затегнување G и насочувачките запци
H ќе се вклопат во длапката за заклучување на
лостот на синџирот D
! проверете дали синџирот е во точниот правец
за движење споредувајќи го со симболот за
синџирот E
- проверете дали сите делови се поставени
правилно и ги одржуваат синџирот и лостот во
рамна положба
- поставете ја плочата на капакот A како што е
прикажано на сликата
- ако е неопходно, свртете го копчето за затегнување
K за да го порамните клинот за затегнување J со
отворот на лостот D
- вртете го копчето за затегнување K додека снема
разлабавеност во синџирот
- затегнете го копчето за заклучување B кај копчето
за затегнување G вртејќи го во правецот на
стрелките на часовникот
199

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0540

Tabla de contenido