За да се сними нова гласовна белешка, избришете ја
снимената белешка и стартувајте ново снимање.
При снимањето внимавајте на следново:
– Микрофонот (15) се наоѓа зад тастатурата покрај
ознаката со микрофон. Зборувајте во правец на
микрофонот.
– Снимањето може да трае максимум 30 s.
Повикување на зачувани слики
За повикување на зачувани термални слики постапете на
следниот начин:
– Притиснете го левото функциско копче (16). Сега на
екранот се појавува последната зачувана
фотографија.
– За да менувате меѓу зачуваните термални слики,
притиснете на копчињата со стрелка десно (10) или
лево (14).
Дополнително со термалната слика може да се зачува и
визуелна слика. За да го повикате ова, притиснете го
копчето со стрелка надолу (12).
Со притискање на копчето со стрелка нагоре (7)
сликаната термална слика се прикажува како целосна
слика. Во прегледот на целосна слика по 3 s се затскрива
приказот на лентата за наслов за да може да се
разгледаат сите детали на термалната слика.
Со копчињата со стрелки нагоре (7) и надолу (12)
можете да ги менувате прегледите.
Бришење на зачувани слики и гласовни белешки
За бришење на одделни или сите термални слики
менувајте во приказот на галерија:
– Притиснете на десното функциско копче (9) под
ознаката за корпа за отпадоци. Се отвора подмени.
Тука може да изберете дали сакате да ја избришете
само оваа слика, само нејзината гласовна белешка
(доколку е снимена) или сите слики. Ако сакате да ја
избришете само оваа слика или гласовната белешка,
потврдете ја постапката со копчето Func (8).
– Ако сакате да ги избришете сите слики, притиснете на
копчето Func (8) или на десното функциско копче (9),
дополнително потврдете ја постапката со десното
функциско копче (9) или прекинете ја постапката на
бришење со притискање на левото функциско
копче (16).
Фрагменти на податоци од сликите остануваат во
меморијата и би можеле да се реконструираат. За
конечно бришење изберете во главното мени <Уред> →
<Фабрички поставки>.
Пренос на податоци
Пренос на податоци преку USB-интерфејс
Отворете го поклопецот на USB Type-C®-портата (5).
Поврзете ја USB Type-C®-портата (6) на мерниот уред со
USB Type-C®-кабел (25) со Вашиот компјутер.
Вклучете го сега мерниот уред со копчето за вклучување/
исклучување (11).
Bosch Power Tools
Отворете го прелистувачот на датотеки на Вашиот
компјутер и изберете го дискот GTC 600 C. Зачуваните
датотеки може да се ископираат од внатрешната
меморија на мерниот уред, да се поместат или избришат
на Вашиот компјутер.
Штом ќе го завршите саканиот процес, стандардно
разделете го дискот од компјутерот и потоа повторно
исклучете го мерниот уред со копчето за вклучување/
исклучување (11).
Внимание: секогаш прво исклучувајте го дискот од
вашиот оперативен систем (извадете го дискот), во
спротивно внатрешната меморија на мерниот уред може
да биде оштетена.
Извадете го USB Type-C®-кабелот за време на мерењето
и затворете го поклопецот (5).
Капакот на USB-интерфејсот секогаш треба да биде
затворен за да не може да навлезе во прав или вода во
куќиштето.
Напомена: поврзете го мерниот уред преку USB
исклучиво со компјутер. Мерниот уред може да се оштети
доколку го приклучите на други уреди.
Напомена: USB Type-C®-интерфејсот служи исклучиво за
пренос на податоци. Со него не треба да се полнат
батерии и акумулаторски батерии.
Дополнителна обработка на термални слики
Зачуваните термални слики може дополнително да се
обработат на Вашиот компјутер со Windows оперативен
систем. За тоа преземете го GTC Transfer Software од
страницата за производи за мерниот уред на
www.bosch-professional.com/thermal.
Пренос на податоци преку WLAN
Мерниот уред е опремен со WiFi-интерфејс кој
овозможува безжично пренесување на зачуваните слики
од мерниот уред на мобилен уред.
Специјални Bosch-апликации (Apps) стојат на
располагање за користење. Тие може да се преземат во
соодветните продавници во зависност од терминалот:
Bosch-апликациите Ви овозможуваат (покрај безжичното
пренесување на вашите слики), проширен опсег на
функции и ја поедноставуваат обработката и
проследувањето на мерните податоци (на пр., по е-
маил). Информации за потребните системски
предуслови за WiFi врска ќе најдете на интернет
страницата на www.bosch-professional.com/thermal.
За да се активира/деактивира WiFi врската на мерниот
уред, повикајте го главното мени, навигирајте со
копчињата за избор <WiFi> и активирајте/деактивирајте
ја. Кај активирано WiFi, на екранот се појавува
приказот (e). Проверете дали WiFi-интерфејсот на
Вашиот мобилен краен уред е активиран.
По стартот на Bosch-апликацијата може да се воспостави
врска меѓу мобилниот и мерниот уред (при активирани
Македонски | 247
1 609 92A 4UF | (14.01.2021)