114 | Македонски
Вкупните вредности на вибрации a
три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 62841-1:
2
2
a
< 2,5 m/s
, K = 1,5 m/s
,
h
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку
батеријата е испразнета, електричниот алат се исклучува
со заштитен прекинувач.
По автоматското исклучување не притискајте на
u
прекинувачот за вклучување/исклучување.
Батеријата може да се оштети.
Вадење на батеријата (види слики A1−A2)
Батеријата (3) има два степена на блокирање, што
спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата (7).
1 609 92A 4YD | (05.09.2019)
(векторски збир на
Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат,
h
таа се држи во позиција со помош на пружина.
– За да ја извадите батеријата (3) притиснете на
копчињата за отворање (7) и извлечете ја батеријата
нагоре од електричниот алат. Притоа не
употребувајте сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтирање на опремата на дувалка (види
слики B1–B3)
Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
u
чистењето на електричниот алат, пред регулирање
на поставките на уредот, замена на деловите на
опремата или тргање на електричниот алат
настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на електричниот
алат.
Можностите за комбинирање на различните делови од
опремата на дувалката може да ги видите на сликата.
– Прицврстете ја бајонет-завртката (12) од опремата во
вдлабнатините (8) на куќиштето на моторот или во
вдлабнатините (8) на цевката за продолжување (9).
– Свртете ја бајонет-завртката за четвртина вртење во
правец на стрелките на часовникот.
Монтирање на цевка за собирање на прав
При издувување од отворите за дупчење се издувуваат
остатоците од дупчење во правец на операторот. Притоа
се препорачува, над млазницата за отворот за дупчење
(10) да се монтира цевката за собирање на прав (11).
– Вдлабнатините (13) од цевката за собирање на прав
(11) ставете ги врз надворешната бајонет-завртка
(12) на млазницата за отворот за дупчење (10).
– Завртете ја цевката за собирање на прав (11) за една
четвртина во правец на стрелките на часовникот.
Употреба
Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
u
чистењето на електричниот алат, пред регулирање
на поставките на уредот, замена на деловите на
опремата или тргање на електричниот алат
настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на електричниот
алат.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
– За Вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) во
позицијата I или II.
Позиција I: Дување на лесни материјали.
Позиција II: Дување на тешки материјали.
– За Исклучување притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (1) до крај во позиција „0".
Bosch Power Tools