AEG S 2500 E Manual De Instrucciones página 34

Ocultar thumbs Ver también para S 2500 E:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 13
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ИМПУЛСЕН ШТРАФЦИГЕР
Производен број .................................................................................................
Определен внес ..................................................................................................
Излез....................................................................................................................
Брзина без оптоварување .................................................................................
Шрафовите со остар врв до максимум ............................................................
Allen шрафови (ширина на клуч) ......................................................................
Шрафови за во сув ѕид до максимум ...............................................................
Универзално лежиште. ......................................................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 ....................................................
Информации за бучавата
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 62841.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) .....................................
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) .........................................
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки)
пресметани согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
h
Зашрафување ...............................................................................................
Несигурност К ................................................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 62841 и може да биде употребено
за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со
отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на
осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е исклучен или работи,
но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на електро-алатот и
на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни упатства,
инструкции, илустрации и спецификации за овој електричен алат.
Недоследно почитување на подолу наведените упатства можe да
предизвика електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за употреба.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА ЗАШТРАФУВАЊЕ:
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да предизвика
губење на слухот.
Држете го апаратот за изолираните површини за држење кога ги
изведувате работите кај кои што употребеното орудие може да
допре до сокриен струен вод или да го погоди сопствениот кабел.
Контактот на навртката со вод под напон може да ги стави металните
делови од апаратот под напон и да доведе до електричен удар.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано
носете заштитни очила. Се препорачува заштитна облека како: маска за
заштита од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се
лизгаат, кацига и заштита за уши.
Пршината која се создава при користење на овој алат може да биде
штетна по здравјето. Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна
маска.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да го
загрозат здравјето (на пр. азбест).
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да се
исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно додека
употребуваното орудие е блокирано; притоа би можело да дојде до
повратен удар со висок момент на реакција. Испитајте и отстранете ја
причината за блокирањето на употребеното орудие имајќи ги во предвид
напомените за безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
66
МАКЕДОНСКИ
S 2500 E
S 4000 E
............................. 4134 32 05... .......................4132 24 05...
...000001-999999
...000001-999999
.................................720 W .................................... 720 W
.................................360 W .................................... 360 W
............................0-2500 min
...........................0-4000 min
-1
-1
..................................6,3 mm .................................. 6,3 mm
...................................10 mm ......................................-
..................................5,0 mm .................................. 5,0 mm
................................ 1/4" .......................................1/4"
..................................1,5 kg ..................................... 1,4 kg
................................86,5 dB (A) ............................ 86,5 dB (A)
................................97,5 dB (A) ............................ 97,5 dB (A)
...............................≤ 2,5 m/s
............................... ≤ 2,5 m/s
2
2
..................................1,5 m/s
2
.................................. 1,5 m/s
2
Употребеното орудие за време на примената може да стане многу
жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е
машината работи.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната површина.
Секогаш водете го кабелот позади вас.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги избегнете
електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за напон.
Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат да
предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го кабелот
од струјата.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Безжичниот моментен клуч моче да биде користен за затегање или
одвртување на навртки и шрафови.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички
податоци" опишаниот производ е во склад со сите релевантни прописи
од регулативата 2011/65/EU (RoHS), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-2:2014
EN 55014-1:2017 + A11:2020
EN 55014-2:2015
EN 61000-3-2:2014
EN 61000-3-3:2013
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2020-11-09
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
УПОТРЕБА
Совет: Се препорачува секогаш по прицврстувањето да го
проверите затезниот момент со динамометрички клуч.
Затезниот момент е под влијание на различни фактори, вклучувајќи ги и
следните фактори.
• Брзини - Користењето на алатот при мала брзина доведува до помал
затезен момент.
• Положба за прицврстување - Начинот на држење на алатот или
сврзувачкиот елемент влијае на затезниот момент.
• Завиткан или вметнат приклучок - Користењето на завиткан или
вметнат приклучок со погрешна големина или користењето на опрема
што не е отпорна на удари го намалува затезниот момент.
• Користење на опрема и продолжни елементи - Во зависност од
опремата или продолжниот елемент, може да се намали затезниот
момент на ударната шрафилица.
• Завртка/навртка - Затезниот момент може да варира во зависност од
дијаметарот, должината и класата на јачината на завртката/навртката.
• Состојба на сврзувачките елементи - Контаминирани, кородирани,
суви или подмачкани сврзувачки елементи може да влијаат на
затезниот момент.
• Деловите кои треба да се навртуваат - Јачината на деловите кои
треба да се навртуваат и која било компонента меѓу нив (сува или
подмачкана, мека или тврда, завртка, заптивка или подлошка) може
да влијаат на затезниот момент.
ТЕХНОЛОГИИ ЗА ПРИЦВРСТУВАЊЕ
Колку подолго се навртува болтот, завртката или навртката со ударната
шрафилица, толку поцврсто тие се затегнати.
За да избегнете оштетување на сврзувачите елементи или работните
парчиња, избегнувајте прекумерно траење на навртуванјето.
Бидете посебно внимателни кога работите на помали сврзувачки
елементи, затоа што тие бараат помал број на удари за да се постигне
оптимален затезен момент.
Вежбајте со различни сврзувачки елементи и запомнете го времето што
ви е потребно за да го достигнете саканиот затезен момент.
Проверете го затезниот момент со рачни динамометрички клуч.
Ако затезниот момент е премногу висок, намалете го времето на удар.
Ако затезниот момент е недоволен, зголемете го времето на удар.
Маслото, нечистотијата, рѓата или другите загадувачи на навојот или
под главата на сврзувачкиот елемент влијаат на затезниот момент.
Вртежниот момент што е потребен за олабавување на сврзувачкиот
елемент е во просек од 75% до 80% од затезниот момент, зависно од
состојбата на контактните површини.
Зашрафете малку со релативно низок затезен момент и користете рачни
динамометрички клуч за финално затегнување.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки и
отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку направата за
поврзување (FI, RCD, PRCD).
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон
наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на приклучок без
заземјување доколку изведбата соодветствува на безбедност од 2
класа.
Бидете сигурни дека машината е исклучена пред да ја вклучите во
струја.
Овој апарат претставува апарат за професионална употреба, кој може
незначително да ги пречекори ориентационите вредности за струјни
горни бранови при приклучување на јавната мрежа за низок напон.
Затоа пред приклучување на апаратот на јавна мрежа за низок напон по
потреба контактирајте со компанијата што е одговорна за вашето
напојување со електрична енергија.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Важна забелешка! Доколку карбонските четкички се истрошени, со цел
истите да бидат заменети алатот треба да биде пратен во
постпродажниот центар. Ова ќе обезбеди долг употребен век и
највисоки перформанси.
За да се избегнат безбедносни ризици, замена на кабелот за
напојување мора да се изврши од страна на производителот или еден
од неговите претставници.
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку некои од
компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на
адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот.
Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е
отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник
или директно кај: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно
со домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата за
заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
Електрично орудие од заштитната категорија II.
Електрично орудие чијашто заштита од електричен
удар не зависи само од основната изолација туку и од
тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни
мерки како што се двоструките изолации или
појачаната изолација.
Не постои никаква направа за приклучување на некој
заштитен вод.
n
Брзина без оптоварување
0
V
Волти
Наизменична струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
67

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

S 4000 e

Tabla de contenido