Поставување на струјата
Ја вклучува и исклучува струјата.
• Притиснете на копчето струја 3 секунди или
подолго. Контролната табла ќе светне, што значи
дека струјата е вклучена.
• Исклучете ја струјата кога не го користите
производот.
• Кога ќе го притиснете копчето струја за да го
исклучите производот, тој повеќе не работи.
Исклучете го само кога не го користите производот.
регулирање на температурата на
замрзнувачот
Ја регулира температурата на замрзнувачот.
• Притиснете го копчето температура на
замрзнувач за да ја регулирате температурата.
• Иницијалната температура е поставена на -20
°C, а температурата на замрзнувачот може да се
регулира меѓу -15 °C – -23 °C.
• Регулирајте ја температурата на замрзнувачот
според промената на температурата внатре во
апаратот. Реалната внатрешна температура варира
во зависност од статусот на храната, бидејќи
поставката за температура е целната температура,
а не реалната температура во замрзнувачот.
наПомена
• Оставете го фрижидерот да работи барем два
до три часа пред да ставите храна во него.
Поставување експресно замрзнување
Со функцијата може да се замрзне брзо голема
количина мраз или замрзната храна.
• Кога ќе го притиснете копчето експресно замрз.,
иконата за Express Frz. светнува на контролната
табла. Функцијата се вклучува и се исклучува секој
пат кога ќе го притиснете копчето.
• Функцијата Експресно замрзнување автоматски
престанува по извесен период (24 часа).
Поставување режим за штедење струја
Ако не сте дома подолг период, можете да го
поставите Режимот за штедење струја за да
заштедите енергија.
• Кога ќе го притиснете копчето еколошки, иконата
за Eco Friendly светнува на контролната табла
и режимот е поставен. Режимот се вклучува и се
исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
• Функцијата Температура на замрзнувач или
Експресно замрзнување не може да се користи во
Режим на штедење струја.
• Иконата на Eco Friendly трепка 3 пати кога ќе го
притиснете копчето температура на замрзнувач
или експресно замрз. во Режим за штедење
струја.
• За да ја користите функцијата Температура
на замрзнувач или Експресно замрзнување,
притиснете го повторно копчето еколошки за да го
исклучите Режимот за штедење струја.
17