чистење
напомени за чистење
Повремено, кога ќе станат нечисти, откачете ги
полиците и исчистете ги со вода, избришете ги и
вратете ги назад.
Редовно бришете ја заптивката на вратата со влажна
мека крпа.
• Ако заптивката на вратата има дамки од храна
или сок од овошје, може побрзо да се оштети, и
долниот дел да биде понечист.
По чистењето, проверете дали кабелот за струја е
оштетен, топол или неправилно вклучен.
Одржувајте ги чисти отворите за вентилација на
надворешноста на производот.
• Затнат отвор за вентилација може да предизвика
пожар или да го оштети производот.
Користете мека влажна крпа за да ја избришете
надворешноста на апаратот. Ако користите
неутрален детергент, избришете го со чиста крпа за
да не остави дамки.
Не користете груба четка или детергент (како
на пример, паста за заби, алкохол, разредувач,
белило, бензен, запалива течност или средство за
полирање) за да ги отстраните залепените етикети
или отпечатоци од прсти.
• Тие може да предизвикаат обезбојување на
надворешноста на производот и да го оштетат.
Никогаш не мијте ги полиците или садовите во
машина за миење садови.
• Деловите може да се деформираат!
откачување на горната полица
1
Притиснете го нагоре капакот на полицата,
малку подигнете ги уредот за мраз, корпата
за мраз и корпата на замрзнувачот, а потоа
извадете ги надвор.
2
Малку подигнете ја предната страна на
полицата и извлечете ја надвор.
• Бидејќи разделникот под полицата е фиксиран
со полицата, извадете го заедно со полицата.
откачување на корпата на
замрзнувачот
1
Фатете ја рачката на корпата на замрзнувачот и
повлечете ја напред.
2
Подигнете ја малку корпата на замрзнувачот
додека ја влечете за да ја извадите.
21