Gorenje Tiki GBU 50 Manual Del Usuario Y Del Instalador página 38

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 68
Затворен систем (со притисок)
Легенда: 1 - Сигурносен вентил
2 - Пробен вентил
З - Неповратен вентил
4 - Редуционен вентил за притисок
5 - Затворен вентил
Помеѓу греалката и повратниот сигурносен вентил не смеета да вградите затворен вентил
бидејќи со тоа ќе го оневозможите делувањето на повратниот сигурносен вентил.
Греалката можете да ја приклучите на водоводна мрежа без редуцирен вентил ако притисокот
во мрежата е понизок од 0,5 МПа. Ако притисокот во мрежата е над 1,0 МПа морате да вградите
два редуцирна вентила едно подруго.
Пред приклучувањето на електрична мрежа греалката морате најпрвин да ја наполните со вода.
Кај првото полнење отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање. Греалката е
наполнета кога водата протечува низ изливната цевка на мешалната батерија.
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НA ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА
Пред приклучувањето на електрична мрежа потребно е во греалката да вградите приклучен
кабел и затоа морате да го извадите пластичниот заштитен капак. Тоа сторете го отстранувајќи
ја плочката која е вградена во предната страна на капакот. Плочката можете да ја ослободите со
помош на одвртувач кој внимателно го потискате најпрвин во отворот помеѓу вградната плочка
и заштитната капа а потоа покрај копчето на термостатот и на страната наспроти копчето.
Кога ќе ја ослободите на двете страни плочката можете да ја отстраните со рака. За да го
симнете пластичниот заштитен капак морате да го отстраните и копчето на термостатот и да ги
одвртите двете прицврстувачки завртки. Постапката за наместување на заштитниот пластичен
капак се одвива по обратен редослед. Приклучувањето на греалката на електрична мрежа
мора да се изведува согласно со стандардите за електрични инсталации. Бидејќи греалката
нема елемент кој трајно би ја одвоил од електричната мрежа потребно е на кабелската врска
помеѓу греалката и трајната инсталација да се вгради таков прекинувач кој ги прекинува обата
пола за напојување и со отворени контакти кои се меѓусебно оддалечени најмалку 3 мм.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред секое посегање во нејзината внатрешност морате греалката
обврзно да ја исклучите од електричната мрежа.
38
Отворен систем (прелевен)
б - Пробна наставка
7 - Одливник со приклучок на одвод
Н - Ладна вода
Т - Топла вода

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gbu 80Gbu 100Gbu 120Gbu 150Gbu 200Gbu 200 b6

Tabla de contenido